Природни науки

Природни науки

Monday, May 30, 2016

Информација за Државниот натпревар

Првиот Државен натпревар по предметот Природни науки за IV и V одделение ќе се одржи на 4. јуни 2016 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје, горна зграда.

Натпреварот ќе почне во 11:00 часот и ќе трае до 12:30. Натпреварувачите треба да пристигнат најдоцна до 10:15 часот. Распоредот на натпреварувачите по простории ќе биде истакнат на влезот на Факултетот и пред секоја просторија. Во секоја просторија ќе има по едно одговорно лице, кое ќе им помогне на децата да си го најдат своето место и да се сместат.

Во текот на натпреварот ќе биде организиран работен состанок со менторите, на кој ќе стане збор за почетоците на натпреварот и ќе се дискутираат можни насоки за во иднина. Состанокот ќе се одвива од 11:15 до 12:15 часот.

По натпреварот, на огласна табла на Факултетот ќе биде објавен клучот на прашањата.

Резултатите од натпреварот ќе бидат објавени на 5. јуни 2016 до 12:00 часот. Приговорите ќе може да се поднесуваат до 6. јуни 2016 до 15:00 часот. Конечните резултатите ќе бидат објавени истиот ден, до 20:00 часот.

Ви посакуваме многу среќа и успех.


1 comment:

Note: Only a member of this blog may post a comment.