Природни науки

Природни науки

Sunday, December 3, 2017

Пријавување за општински натпревари по природни науки

Како што беше претходно најавено, пријавувањето за општинските натпревари по природни науки започна на 1.12.2017 година и ќе трае до 30.12.2017 година до 23:59 часот.
Ве молиме пријавувањето да го извршите во наведениот рок, затоа што задоцнети пријави после истекот на рокот нема да бидат прифатени.
Формуларот за пријавување се активира со кликнување на ОВОЈ ЛИНК.
Потсетување: за секој натпреварувач треба да се пополни посебен линк.
Ве молиме да им помогнете на новите наставници од 4. одделение во процесот на пријавување.
Продолжете да ги следите информациите на овој блог.

Monday, November 13, 2017

Термини за натпреварите и пријава

Пријавувањето на ученици-учесници за општинските натпревари по природни науки за IV, V и VI одд. ќе се спроведува во период од 1. до 30. декември 2017 год.

Термините на натпреварите се следниве:
- Општински натпревари: 3. март 2018
- Регионални натпревари: 31. март 2018
- Државен натпревар: 12. мај 2018

По одржување на училишен натпревар или спроведен друг вид на селекција на учениците, постапката за пријавување од страна на менторот ќе се одвива преку пополнување на формулар на долниот линк:


ВНИМАНИЕ!
За секој ученик потребно е да се пополни посебен формулар. На еден формулар НЕ МОЖЕ да се пријават повеќе ученици. Програмата не може да прими такви групни формулари и таквите формулари нема да можат да пристигнат до Државната комисија.
Податоците внесувајте ги внимателно за да бидат точни. Програмата автоматски ги превзема сите внесени податоци и ги користи за правење ранг-листи после натпреварот и за печатење дипломи.

Бројот на учесници за општински натпревар е 3 ученици од паралелка, односно вкупниот број на паралелки од соодветна категорија (одделение) помножен по 3. 

Ве молиме да го почитувате посочениот број на учесници и рокот за пријавување, бидејќи по 30. декември нема да има можност за дополнително пријавување на ученици.

За наставници по природни науки: 
Бидејќи колегите кои водат IV одделение се менуваат секоја година и немаат искуство во пријавување и подготовка на ученици, ве молиме да ги информирате одделенските наставници од вашето училиште за начинот и постапката за пријавување на ученици од IV одделение и да им помогнете во самата постапка на пријавување.

Котизацијата за натпреварувачите се уплаќа на сметката на Македонското биолошко друштво. Подолу се дадените потребните податоци.


Кои се темите за овогодинешните натпревари по природни науки?

Потсетување за менторите на некои правила при креирање на тестовите за натпреварите, кои треба да ги земат предвид при подготовката на натпреварувачите:

1. Во тестовите може да бидат поставени прашања во кои се потребни знаења од изучениот материјал од претходната учебна година по предметот природни науки (за 4. од 3. одделение, за 5. од 4. одделение и за 6. од 5. одделение).

2. Прашањата за натпреварите ќе бидат составувани согласно наставните програми за предметот Природни науки и материјалор даден во учебниците кои се во тековна употреба.

3. Согласно член 6 став 2 од Правилникот за организација и реализација на натпревари по Природни науки за учениците од основното образование, Државната комисија се оградува од евентуално неточно и нестручно напишани содржини, дадени во литературата, вклучително учебниците и наставните програми, и ќе ги признава стручно точните одговори.

Темите за натпреварите по Природни науки по одделенија са следниве:

4. ОДДЕЛЕНИЕ                                                         5. ОДДЕЛЕНИЕ

Општински натпревари                                             Општински натпревари
- Живеалишта                                                             - Испарување и кондензација
- Цврсти материи, течности и гасови                       - Како ги гледаме нештата околу нас
- Правење струјни кола                                              - Движењето на Земјата
- Како работат магнетите                                           - Сенки

Регионални натпревари                                              Регионални натпревари
- Живеалишта                                                              - Испарување и кондензација
- Цврсти материи, течности и гасови                        - Како ги гледаме нештата околу нас
- Правење струјни кола                                               - Движењето на Земјата
- Како работат магнетите                                            - Сенки
- Скелет и мускули                                                      - Животниот циклус на цветните растенија

Републички натпревар                                                Републички натпревар
- Живеалишта                                                              - Испарување и кондензација
- Цврсти материи, течности и гасови                        - Како ги гледаме нештата околу нас
- Правење струјни кола                                               - Движењето на Земјата
- Како работат магнетите                                            - Сенки
- Скелет и мускули                                                      - Животниот циклус на цветните растенија
- Звук                                                                            - Истражување на растот на растението


                                                            6. ОДДЕЛЕНИЕ

                                                            Општински натпревари
                                                            - Повратни и неповратни промени
                                                            - Органи и системи во телото на човекот
                                                            - Спроводници и изолатори
                                                            - Грижа за животната средина
                                                            - Пубертет

                                                            Регионални натпревари
                                                            - Повратни и неповратни промени
                                                            - Органи и системи во телото на човекот
                                                            - Спроводници и изолатори
                                                            - Грижа за животната средина
                                                            - Пубертет
                                                            - Синџири на исхрана

                                                            Републички натпревар
                                                            - Повратни и неповратни промени
                                                            - Органи и системи во телото на човекот
                                                            - Спроводници и изолатори
                                                            - Грижа за животната средина
                                                            - Пубертет
                                                            - Синџири на исхрана
                                                            - Маса и тежина

Sunday, October 22, 2017

Работилница за натпреварите по природни науки

Почитувани ментори, 
На 2.ноември 2017 година (четврток), во 12:00 часот ќе се одржи 
2. Работилница за натпревари по природни науки
Работилницата ќе се одржи во Физичкиот амфитеатар (на приземје) на Природно-математичкиот факултет со следниот дневен ред:
1. Извештај за напреварите по природни науки и биологија за основни училишта реализирани во ​2017 година
2. Дискусија
3. Информации за
постапка за пријавување на ученици за Општински натпревар (термини)
теми за трите нивоа на натпревари
Критериуми за премин за наредно ниво на натпревар
3.  Организирање, спроведување на Општински и Регионални натпревари и формирање Општински и Регионални комисии за натпреварите 2018 година
Информации за начин на прегледување на тестови 
4. Разно   

Наедно, ќе се одржи и 4. Работилница за натпреварите по биологија. Пријавувањето за учество на Работилницата ќе се одвива на ист начин како и минатата година, со пополнување на формулар кој ќе биде активен на овој блог. Наставниците кои планираат да подготвуваат ученици за натпреварот по природни науки и планираат да учествуваат на работилниците ќе имаат можност да се пријават на овој формулар.

Бидејќи секоја година во 4.одделение се менуваат одделенските наставници, а со тоа и нивните контакти, Ве молиме да ги известите колегите од вашите училишта и да им помогнете за начинот и постапката на пријавување на Работилницата.


Thursday, May 25, 2017

Конечни резултати и награди

Почитувани натпреварувачи и ментори,
ви честитаме за учеството и постигнатиот успех на 2. Државен натпревар по природни науки. Вашите напори, подготовки и се разбира љубовта кон науката ве доведоа до овие резултати, кои не се воопшто за потценување.

Критериумите за наградите се изградени во зависност од максималниот број бодови во секоја категорија посебно. Така, максималниот број освоени поени во
- 4. одделение изнесува 88
- 5 одделение изнесува 86
- 6. одделение изнесува 90.

Според процентот на освоени бодови во зависност од максималниот број освоени бодови, критериумот за награди е:
91% - 100%, 1. награда
81% - 90 %, 2 награда
71% - 80 %, 3 награда
Сите останати натпреварувачи кои имаат освоено повеќе од 50 бодови освојуваат пофалници.

Со ова, процентот на наградени натпреварувачи е следниов:
- 4. одделение, 92% од натпреварувачите се наградени,
- 5. одделение, 71% од натпреварувачите се наградени,
- 6. одделение, 62% од натпреварувачите се наградени.

На долните линкови можете да ги симнете конечните резултати.

4. одделение, конечни резултати
5. одделение, конечни резултати
6. одделение, конечни резултати

Следете ги понатаму информациите на блогот во врска со дистрибуирањето на дипломите.


Tuesday, May 23, 2017

ЗАБОРАВЕНО

Во саботата, на крајот од тестирањето некои од натпреварувачите заборавија некои ситни работи. Дел од децата, менторите и родители дојдоа и си ги земаа заборавените работи. Останаа уште неколку ситни работи.

Оние кои заборавиле нешто нека се јават на меилот на натпреварот.


Saturday, May 20, 2017

Клучеви и прелиминарни резултати

Бидејќи имаше барање од многу ментори клучевите да бидат објавени колку е можно побргу, ги објавивме веднаш после тестирањето во онаа сирова форма. Сепак, согласно нашата веќе востановена практика, во текот на прегледувањето на тестовите, клучевите ги проширивме, па на долните линкови можете да ги видите новите освежени клучеви.
Во меѓувреме беа направени технички корекции на клучевите врз основа на реакции и насоки добиени од ментори и тие корекции се ажурирани во овие клучеви.

4. одделение КЛУЧ
5. одделение КЛУЧ
6. одделение КЛУЧ

Прелиминарните резултати можете да ги видите на долните линкови.

4. одделение Прелиминарни резултати
5. одделение Прелиминарни резултати
6. одделение Прелиминарни резултати


Приговори на резултатите од Државниот натпревар се поднесуваат со пополнување на електронски формулар, кој може да се најде ОВДЕ. Краен рок за поднесување приговори е понеделник, 22.05.2017, до 15:00 часот.




Thursday, May 18, 2017

Распоред по простории

На следниве линкови можете да го видите распоредот на натпреварувачите по простории.

4. одделение
5. одделение
6. одделение

Секој натпреварувач има точно определено место на седење во дадената просторија. Откако ќе најдете во која просторија ќе биде натпреварувачот, на долните линкови можете да видите на кое место во просторијата е распореден.

148                      МА, Математички амфитеатар
241                      ГФА, Голем физички амфитеатар
244                      МФА, Мал физички амфитеатар
301                      БиоАмф, Биолошки амфитеатар
                            Гео95, Географски амфитеатар
                            НовАмф, Нов амфитеатар



Monday, May 15, 2017

Почеток на државниот натпревар

Државниот натпревар по природни науки ќе се одржи на 20.05.2017 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Натпреварот ќе почне во 10:00 часот и ќе трае до 11:30. Натпреварувачите треба да пристигнат најдоцна до 9:30 часот. Распоредот на натпреварувачите по простории ќе биде истакнат на влезот на Факултетот и пред секоја просторија. Во секоја просторија ќе има по едно одговорно лице, кое ќе им помогне на децата да си го најдат своето место и да се сместат. Натпреварувачите треба да бидат седнати на своите места на време, затоа што натпреварот ќе почне точно во 10:00 часот.

Во текот на утрешниот ден на блогот ќе биде објавен деталниот распоред на натпреварувачите по простории и места на седење.

По натпреварот, на огласна табла на Факултетот ќе биде објавен клучот на прашањата. Клучот ќе биде објавен и на блогот на натпреварите

Thursday, May 11, 2017

Каде ќе се одржи Државниот натпревар по природни науки?

Државниот натпревар по природни науки ќе се одржи на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 20. мај 2017, како што веќе беше објавено. Подетални информации, за час на отпочнување и распоред на натпреварувачите ќе бидат објавени во понеделник.

До тогаш ви посакуваме убав викенд и релаксирани подготовки за натпреварот.


Friday, April 28, 2017

Конечни резултати од регионалните натпревари по природни науки

На долните линкови мижете да ги најдете конечните резултати од регионалните натпревари. Се извинуваме за пролонгирањето на објавава. Но, ни пристигнаа околу 450 приговори. Не сакавме ништи да оставиме на случајноста, па приговорите ги разгледавме многу темелно, не сакајќи да оставиме ниедно дете оштетено.

                                                            Резултати за 4. одделение
                                                            Резултати за 5. одделение
                                                            Резултати за 6. одделение

Сите натпреварувачи кои се пласираа за државниот натпревар се обележени со "ДА" во колоната. Со жолто се обележани оние натпреварувачи кои се пласираа на првите три места во секој регион. Дополнително, долната граница на пласирани натпреварувачи за државниот натпревар е проширена до број на бодови еднаков со најслабиот резултат на третопласираните од регионите. За различни категории таа граница е различна и изнесува:

За 4. одделение, 83 бода
За 5. одделение, 75 бода
За 6. одделение, 75 бода


Saturday, April 22, 2017

Ментори без e-mail адреса

Дел од менторите имаат пријавено погрешна e-mail адреса или воопшто немаат оставенo адреса. За да поднесете приговор потребна е ваша e-mail адреса.
Списокот со овие ментори можете да го најдете на ОВОЈ ЛИНК. Сите заинтересирани ментори нека достават своја e-mail адреса (точна и активна) на prirodnici@gmail.com.


Friday, April 21, 2017

Прелиминарни резултати од регионалните натпревари по природни науки

Почитувани натпреварувачи и ментори,
прелиминарните резултати од регионалните натпревари по физика можете да ги видите на долните линкови. Како што и претходно објавивме, Велигденските празници се причина за објавување на резултатите неколку дена подоцна од планираното и за тоа се извинуваме.

Резултати за 4. одделение                       Клуч на тестот за 4. одделение ( МКД / ALB )
Резултати за 5. одделение                       Клуч на тестот за 5. одделение ( МКД / ALB )
Резултати за 6. одделение                       Клуч на тестот за 6. одделение ( МКД / ALB )

Менторите можат да поднесат приговори на резултатите со пополнување на формулар кој можете да го отворите ОВДЕ. Краен рок за поднесува на приговорите е 25.04.2017 до 15:00 часот.

Менторите ќе добијат по електронска пошта подетално објаснување за начинот на поднесување приговор. За евентуални технички проблеми при поднесувањето на приговорот, менторите можат да се обратат до Комисијата на e-mail: prirodnici@gmail.com


Friday, April 14, 2017

Објавување на резултатите од регионалните натпревари

Тестовите од регионалните натпревари се прегледани. Дел од резултатите се веќе обработени и внесени во базата. Од денеска почнуваат празнични денови и ќе мораме да направиме пауза со обработката на резултатите. Ве молиме за трпеливост. Веднаш после празниците ќе продолжиме со обработка и резултатите ќе бидат објавени во неделата после Велигден.

На сите верници од христијанска вероисповест им посакуваме среќни Велигденски празници.

Tuesday, April 4, 2017

Места на одржување на регионалните натпревари

На долниот линк можете да ги видите местата и распоредот на регионалните натпревари по природни науки.

Училишта домаќини

Регионалните натпревари во сите пунктови почнуваат во 11:00 часот.





Monday, April 3, 2017

Организација на регионалните натпревари

Почитувани натпреварувачи, ментори и родители,
датумот на одржување на регионалните натпревари се ближи. Остануваат само уште четири дена. Сакаме да им заблагодариме на сите наставници, училишта  и раководства на училиштата кои се нафатија да ги организираат регионалните натпревари.

За жал остануваат уште доста места од кои сеуште немаме никаков одзив за орагнизација на натпреварите. И покрај нашите заложби, многуте јавувања по телефони и испратени маилови, сеуште ниедно училиште не ни даде потврда дека ќе може да ги прими натпреварувачите за регионалните натпревари во следниве места:

Регион 1:
Берово, Пехчево, Делчево, Виница, Кочани, Зрновци, Македонска Каменица, Чешиново-Облешево.

Регион 2:
Куманово, Липково, Старо Нагоричане.

Регион 4:
Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше

Регион 5:
Гази баба, Кисела Вода, Сопиште, Карпош, Ѓорче Петров, Сарај, Илинден, Зелениково, Студеничани, Петровец.

Ингеренциите на организаторот, Друштвото на Биолози на Република Македонија, не му овозможуваат да даде наредба за организација на натпреварите на ниедно училиште. Поради тоа, ако до вторник, 04.04.2017 година не добиеме информација за училиште каде би се одржале регионалните натпревари, нема да имаме адреса на која ќе треба да ги испратиме тестовите и се она што е потребно за одржување на натпреварите. Така, во местата кои се наведени погоре нема да може да се одржат регионалните натпревари.



Friday, March 24, 2017

Награди и учесници на регионалните натпревари

Резултатите од општинските натпревари по природни науки конечно се готови. Критериумите за награди се следниве:
Прва награда со освоени од 91 до 100 бодови
Втора награда со освоени од 81 до 90 бодови
Трета награда со освоени од 71 до 80 бодови
Пофалница со освоени од 61 до 70 бодови

Сите натпреварувачи кои се наградени согласно горниот критериум, се пласираат за учество на регионалните натпревари. Тоа значи дека сите натпреварувачи кои имаат освоено 61 бод и повеќе се пласираат на регионалните натпревари.

Членовите на комисијата се свесни за некои нелогичности на кои дел од менторите укажаа. Но, постои правилник кој е усогласен со Правилникот за натпревари на МОН и кој е изгласан, така што се што е направено е направено согласно тој Правилник. После двете години собрани искуства и мислења, Комисијата подготвува предлог измени на Правилникот, кој ако биде во ред и биде изгласан, ќе дојде на сила од следната година.

На долните линкови можете да ги најдете списоците со натпреварувачи кои се пласираа за учество на тегионалните натпревари.

4. одделение
5. одделение
6. одделение

Информацијата за место на одржување на натпреварите ќе биде објавена во најскоро време.

Wednesday, March 22, 2017

Конечни резултати и ранг листи


Пред се сакаме да им честитаме на учениците и наставниците – ментори за учеството и покажаниот успех.
Регионалните натпревари ќе се одржат на 8. април 2017 година.

Согласно Правилникот за натпреварите, на регионалните натпревари ќе учествуваат трите првопласирани учесници на општинскиот натпревар во секоја општина и во секоја категорија (IV, V и VI одделениe) (во објавените табели означени се со портокалова боја) (прв критериум).
Дополнително, на Регионалниот натпревар учествуваат учесници кои освоиле минимум 65% од бодовите на највисоко пласираниот ученик во соодветната категорија (втор критериум).

Тоа значи декa:
          За IV одделение, на Регионалниот натпревар се пласираа натпреварувачите кои освоија најмалку 64 бода (65 % од 99  64):
          За V одделение, на Регионалниот натпревар се пласираа натпреварувачите кои освоија најмалку 62 бода (65% од 96 ≈ 62):
          За VI одделение, на регионалниот натпревар се пласираа натпреварувачите кои освоија најмалку 63 бода (65% од 98 ≈ 63)

Конечните резултати и ранг листи од Општинските натпревари по природни науки можете да ги видите на следниве линкови:

Конечна ранг листа за IV одделение
Конечна ранг листа за V одделение
Конечна ранг листа за VI одделение


МНОГУ ВАЖНО!!! Погрешни e-mail адреси

Дел од менторите кои имаат поднесено приговори не добиле одговор по приговорите затоа што имаат дадено погрешна e-mail адреса. Сите тие треба да се јават на меилот на натпреварите (prirodnici) за да дадат исправна адреса.

Тоа треба да се направи колку е можно побрзо.


Friday, March 17, 2017

Конечни корегирани прелиминарни резултати и клучеви (21.03.2017)

На долните линкови може да се видат прелиминарните резултати со корекциите направени врз основа на реакциите од менторите.

4. одделение
5. одделение
6. одделение

Клучевите на тестовите можете да ги видите на следниве линкови:

Клуч за тестот за 4. одделение
Клуч за тестот за 5. одделение
Клуч за тестот за 6. одделение







Прелиминарни резултати од општинските натпревари 2017

Пред се, се извинуваме за пролонгирањето на објавувањето на резултатите. Како што веќе беше еднаш кажано, се појавија многу технички проблеми поради доцната регистрација на голем дел од натпреварувачите. За жал дел од нив воопшто не се појавија на натпреварите, а дел од нив беа заменети со други натпреварувачи на самиот натпревар. На тој начин бевме доведени пред свршен чин: не можевме резултатите за тие деца да не ги објавиме. Сепак натпреварите ги правиме заради децата и нивната желба да се доближат повеќе до природните науки.

Во меѓувреме техничките проблеми се надградија. Голем дел од ливчињата во ковертите не беа пополнети правилно. Имаше ливчиња во кои немаше податок за училиштето или за градот или за менторот. Имаше дури и ливчиња само со име (без презиме) и без било какви други податоци. Сето ова бараше време и нерви за да се реши се во прилог на децата.

Прелиминарните резултатит можете да ги најдете на долните линкови:

4. одделение
5. одделение
6. одделение

Приговорите се поднесуваат електронски. Само кликнете на ФОРМУЛАР ЗА ПРИГОВОР. Рокот за приговори е до понеделник, 20.03.2017, до 15:00 часот.

ВНИМАВАЈТЕ! Во приговорот треба да дадете образложение за кое прашање приговарате. Приговорите без образложение нема да бидат разгледувани.




Tuesday, March 14, 2017

Кога ќе бидат резултатите... 2. дел

Почитувани натпреварувачи и ментори,
резултатите од општинските натпревари се речиси готови. За жал, поради доцнењето со регистрацијата на некои натпреварувачи и многу промени на имињата пред самиот натпревар, се појавија технички проблеми во ажурирањето на списоците и спарувањето на тестовите со имињата на натпреварувачите. Исто така, има доста неправилно внесени податоци при регистрирањето, што генерира дополнителни проблеми. Тоа значи дека ќе мораме да почекаме уште малку до објавувањето на резултатите.

На сите натпреварувачи и ментори кои на време се пријавија и кои исправно ги пополнија формуларите за регистрација им се извинуваме за ова оддолжување и се надеваме дека наредната година менторите ќе ги пријават натпреварувачите на време и нема да има персонални промени во последен момент.


Wednesday, March 8, 2017

Кога ќе бидат објавени резултатите од општинските натпревари?

Почитувани ученици и ментори,

Тестирањата од општинските натпревари по природни науки се реализираа во саботата, на 04.03.2017 година. Во тек е собирање на тестовите и нивно прегледување. Фактот дека на натпреварите учествуваа 3300 натпреварувачи самиот зборува за обемноста на процесот на прегледување. Дополнително отежнување е одржувањето на општинските натпревари по биологија за основно образование во истиот термин.

Комисиите работат напорно и ќе сторат сé да ги прегледаат тестовите во најкраток можен рок. Прелиминарните резултати ќе бидат објавени во текот на наредната недела. 

Следете ги информациите на блогот на натпреварите, каде ќе можете да ги најдете сите информации во врска со натпреварите.


Wednesday, February 22, 2017

УЧИЛИШТА ДОМАЌИНИ НА ОПШТИНСКИТЕ НАТПРЕВАРИ

На долните линкови можете да добиете информација за распоредот на училиштата домаќини на општинските натпревари, како и за одговорните колеги во секоја општина.

1. Источен регион
2. Североисточен регион
3. Пелагонија
4. Полог
5. Скопје
6. Југоисточен регион
7.Југозападен регион
8. Вардар

Tuesday, February 21, 2017

КОРЕГИРАНИ СПИСОЦИ НА ПРИЈАВЕНИ УЧЕНИЦИ

На долниот линк можете да ги најдете списоците на пријавени ученици, во кои се внесени сите корекции кои беа побарани од страна на менторите до 22.02.2017.

Пријавени натпреварувачи



Thursday, February 16, 2017

Правила за општинските натпревари по природни науки

1.  Пристигнување на учениците во училиштето домаќин околу 1030 часот.
2. Да се внимава тестаторите (чувачите) да НЕ СЕ ОДДЕЛЕНСКИ НАСТАВНИЦИ И ПРЕДМЕТНИ НАСТАВНИЦИ ПО ПРИРОДНИ НАУКИ, БИОЛОГИЈА, ФИЗИКА И ХЕМИЈА.
3.   Мобилните телефони да бидат исклучени и НЕДОСТАПНИ (не само звук)
4. Натпреварот започнува точно во 11 часот (учениците претходно треба да бидат распоредени по училници со мешан распоред од повеќе категории. Треба да се води сметка за растојанието помеѓу учениците).
5.  Учениците треба да имаат со себе само пенкало и молив (да немаат во близина телефони).
6.   Потоа се делат тестовите со захефтани ковертите. Во ковертите има ливче на кое се пополнуваат наведените податоци – име и презиме, училиште, ментор), а потоа учениците ги затвораат ковертите.
7.   Решавање на тестот е 60 минути.
8.  По завршување на предвиденото време се собираат тестовите по одделенија (во купче 4. одд., 5. одд., 6 одд.). Членовите на општинската комисија ги пишуваат шифрите и името на  општината на ковертите.

одделение
шифра
општина
4.
401

4.
402

4.
403




5.
501

5.
502

5.
503




6.
601

6.
602

6.
603



9.   На тестот и на ковертот се внесува шифрата и општината.
10.Тестовите се собираат по одделенија, се пакуваат и затворени се доставуваат до лицето од карго службата кое го доставило материјалот.


Напомена: тестовите ги прегледува Комисијата за натпревари по природни науки за основно образование. 


Конечни списоци

Подолу можете да ги најдете конечните списоци со пријавени напреварувачи за општинските натпревари по природни науки.

1. Источен регион
2. Североисточен регион
3. Пелагонија
4. Полог
5. Скопје
6. Југоисточен регион
7.Југозападен регион
8. Вардар




Wednesday, February 15, 2017

Предпоследен пресек на пријавени ученици

Списокот на пријавени ученици заклучно со 15.02.2017, 15:15 часот можете да најдете на линкот:

Список пријавени заклучно со 15.02.2017, 15:15 часот.



ЗА ГРУПНИТЕ РЕГИСТРАЦИИ НА УЧЕНИЦИ

ГРУПНИ РЕГИСТРАЦИИ НА УЧЕНИЦИ НЕ СЕ ДОЗВОЛЕНИ!!!

За жал сите групни регистрации не се прифатени. Системот не препознава толкава група и кај нас стигнуваат погрешни и измешани информации.

Поради тоа, сите оние кои направиле групна пријава, задолжително мораат да направат поединечни пријави за секој ученик.

ВО СПРОТИВНО, ТИЕ УЧЕНИЦИ НЕМА ДА МОЖАТ ДА СЕ НАТПРЕВАРУВААТ, ЗАТОА ШТО ГИ НЕМАМЕ ВО ЕВИДЕНЦИЈА


Monday, February 13, 2017

Пресек на пријавени ученици заклучно со 13.02.2017

Списокот со пријавени ученици заклучно со 13.02.2017 до 16:00 часот можете да го најдете на следниов линк


ВНИМАНИЕ! Системот не дозволува групно пријавување на учениците. Техничките можности на системот се такви, што при групно пријавување информациите кои ни ги дава системот се погрешни и измешани. За секој учесник на натпреварот мора да има посебна пријава.

За пријавување на учениците нема потреба од лозинка/пасворд.

Потсетување за пријавување на учениците!!!

Kрајниот рок е 15. февруари 2017 до 24:00 часот. По овој термин формуларот ќе биде затворен.




Saturday, February 11, 2017

Пресек на пријавните ученици до 10.02.2017

Направен е првиот пресек на пријавени ученици за општинските натпреваро по природни науки, заклучно со 10.02.2017 до 16:00 часот. Списокот можете да го најдете на  овој линк:

Список на пријавени ученици заклучно со 10.20.2017 16:00 часот.

Листата на нови пријавени ученици ќе биде објавена во понеделник, 13.02.1017, а конечната чисра во четврток на 16.02.2017 во 15:00 часот.


Потсетување за пријавување на учениците!!!

Kрајниот рок е 15. февруари 2017 до 24:00 часот. По овој термин формуларот ќе биде затворен.



Wednesday, January 25, 2017

Работилница за природни науки

Државната комисија за натпревари по природни науки организира ​Работилница за обука на наставници за подготовка на натпреварите по природни науки за ученици од 4., 5. и 6. одделение кои ќе се реализираат во текот на 2017 година.
Работилниата ќе се одржи во петок на 3. ​февруари ​2017 година со почеток во 11 часот за наставници по природни науки од основно образование.
Формуларот за учество на Работилницата се пополнува електронски. За да се пријавите кликнете на  

 ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВА НА РАБОТИЛНИЦА.

Работата на Работилницата ќе се одвива по следниот дневен ред:
 1. Извештај за реализираниот напревар по природни науки за основни училишта во ​2016 година со дискусија
2.  Информации за постапката за пријавување на ученици за Општински натпревар
3.  Спроведување и организирање на Општински и Регионални натпревари
4.   Формирање Општински комисии и Регионални комисии
5.   Разно

 Ве очекуваме до 11 часот во Библиотеката на Институтот за биологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Регистрација за натпреварите по Природни науки

Општинските натпревари по природни науки за 4., 5. и 6. одделение ќе се одржат на 4. март (сабота) 2017 година.
На општинските натпревари можат да се пријават намногу по 3 ученици од паралелка во која се одвива настава по предметот природни науки, односно, вкупниот број ученици за општинскиот натпревар треба да биде еднаов на вкупниот број паралелки во кои се изведува наставата по природни науки помножено со 3.
Краен рок за пријавување е 15. февруари 2017 година. Постапката за пријавување е иста како минатата година. Формуларот за пријавување се пополнува електронски. За да пријавите натпреварувач кликнете на

ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВА НА НАТПРЕВАР

Котизацијата за учество на општинските натпревари е 200 денари по ученик.
Подолу се дадени примери на уплатници.