Природни науки

Природни науки

Friday, March 24, 2017

Награди и учесници на регионалните натпревари

Резултатите од општинските натпревари по природни науки конечно се готови. Критериумите за награди се следниве:
Прва награда со освоени од 91 до 100 бодови
Втора награда со освоени од 81 до 90 бодови
Трета награда со освоени од 71 до 80 бодови
Пофалница со освоени од 61 до 70 бодови

Сите натпреварувачи кои се наградени согласно горниот критериум, се пласираат за учество на регионалните натпревари. Тоа значи дека сите натпреварувачи кои имаат освоено 61 бод и повеќе се пласираат на регионалните натпревари.

Членовите на комисијата се свесни за некои нелогичности на кои дел од менторите укажаа. Но, постои правилник кој е усогласен со Правилникот за натпревари на МОН и кој е изгласан, така што се што е направено е направено согласно тој Правилник. После двете години собрани искуства и мислења, Комисијата подготвува предлог измени на Правилникот, кој ако биде во ред и биде изгласан, ќе дојде на сила од следната година.

На долните линкови можете да ги најдете списоците со натпреварувачи кои се пласираа за учество на тегионалните натпревари.

4. одделение
5. одделение
6. одделение

Информацијата за место на одржување на натпреварите ќе биде објавена во најскоро време.

Wednesday, March 22, 2017

Конечни резултати и ранг листи


Пред се сакаме да им честитаме на учениците и наставниците – ментори за учеството и покажаниот успех.
Регионалните натпревари ќе се одржат на 8. април 2017 година.

Согласно Правилникот за натпреварите, на регионалните натпревари ќе учествуваат трите првопласирани учесници на општинскиот натпревар во секоја општина и во секоја категорија (IV, V и VI одделениe) (во објавените табели означени се со портокалова боја) (прв критериум).
Дополнително, на Регионалниот натпревар учествуваат учесници кои освоиле минимум 65% од бодовите на највисоко пласираниот ученик во соодветната категорија (втор критериум).

Тоа значи декa:
          За IV одделение, на Регионалниот натпревар се пласираа натпреварувачите кои освоија најмалку 64 бода (65 % од 99  64):
          За V одделение, на Регионалниот натпревар се пласираа натпреварувачите кои освоија најмалку 62 бода (65% од 96 ≈ 62):
          За VI одделение, на регионалниот натпревар се пласираа натпреварувачите кои освоија најмалку 63 бода (65% од 98 ≈ 63)

Конечните резултати и ранг листи од Општинските натпревари по природни науки можете да ги видите на следниве линкови:

Конечна ранг листа за IV одделение
Конечна ранг листа за V одделение
Конечна ранг листа за VI одделение


МНОГУ ВАЖНО!!! Погрешни e-mail адреси

Дел од менторите кои имаат поднесено приговори не добиле одговор по приговорите затоа што имаат дадено погрешна e-mail адреса. Сите тие треба да се јават на меилот на натпреварите (prirodnici) за да дадат исправна адреса.

Тоа треба да се направи колку е можно побрзо.


Friday, March 17, 2017

Конечни корегирани прелиминарни резултати и клучеви (21.03.2017)

На долните линкови може да се видат прелиминарните резултати со корекциите направени врз основа на реакциите од менторите.

4. одделение
5. одделение
6. одделение

Клучевите на тестовите можете да ги видите на следниве линкови:

Клуч за тестот за 4. одделение
Клуч за тестот за 5. одделение
Клуч за тестот за 6. одделение







Прелиминарни резултати од општинските натпревари 2017

Пред се, се извинуваме за пролонгирањето на објавувањето на резултатите. Како што веќе беше еднаш кажано, се појавија многу технички проблеми поради доцната регистрација на голем дел од натпреварувачите. За жал дел од нив воопшто не се појавија на натпреварите, а дел од нив беа заменети со други натпреварувачи на самиот натпревар. На тој начин бевме доведени пред свршен чин: не можевме резултатите за тие деца да не ги објавиме. Сепак натпреварите ги правиме заради децата и нивната желба да се доближат повеќе до природните науки.

Во меѓувреме техничките проблеми се надградија. Голем дел од ливчињата во ковертите не беа пополнети правилно. Имаше ливчиња во кои немаше податок за училиштето или за градот или за менторот. Имаше дури и ливчиња само со име (без презиме) и без било какви други податоци. Сето ова бараше време и нерви за да се реши се во прилог на децата.

Прелиминарните резултатит можете да ги најдете на долните линкови:

4. одделение
5. одделение
6. одделение

Приговорите се поднесуваат електронски. Само кликнете на ФОРМУЛАР ЗА ПРИГОВОР. Рокот за приговори е до понеделник, 20.03.2017, до 15:00 часот.

ВНИМАВАЈТЕ! Во приговорот треба да дадете образложение за кое прашање приговарате. Приговорите без образложение нема да бидат разгледувани.




Tuesday, March 14, 2017

Кога ќе бидат резултатите... 2. дел

Почитувани натпреварувачи и ментори,
резултатите од општинските натпревари се речиси готови. За жал, поради доцнењето со регистрацијата на некои натпреварувачи и многу промени на имињата пред самиот натпревар, се појавија технички проблеми во ажурирањето на списоците и спарувањето на тестовите со имињата на натпреварувачите. Исто така, има доста неправилно внесени податоци при регистрирањето, што генерира дополнителни проблеми. Тоа значи дека ќе мораме да почекаме уште малку до објавувањето на резултатите.

На сите натпреварувачи и ментори кои на време се пријавија и кои исправно ги пополнија формуларите за регистрација им се извинуваме за ова оддолжување и се надеваме дека наредната година менторите ќе ги пријават натпреварувачите на време и нема да има персонални промени во последен момент.


Wednesday, March 8, 2017

Кога ќе бидат објавени резултатите од општинските натпревари?

Почитувани ученици и ментори,

Тестирањата од општинските натпревари по природни науки се реализираа во саботата, на 04.03.2017 година. Во тек е собирање на тестовите и нивно прегледување. Фактот дека на натпреварите учествуваа 3300 натпреварувачи самиот зборува за обемноста на процесот на прегледување. Дополнително отежнување е одржувањето на општинските натпревари по биологија за основно образование во истиот термин.

Комисиите работат напорно и ќе сторат сé да ги прегледаат тестовите во најкраток можен рок. Прелиминарните резултати ќе бидат објавени во текот на наредната недела. 

Следете ги информациите на блогот на натпреварите, каде ќе можете да ги најдете сите информации во врска со натпреварите.