Природни науки

Природни науки

Monday, December 31, 2018

Конечни списоци на пријавени натпреварувачи

На долниот линк можете да го видите списокот на пријавени учесници на натпреварите по природни науки за 2019 година. Списокот е подреден според региони.

Список на пријавени натпреварувачи 2019

Организаторите на натпреварите ви посакуваат убави Новогодишни и Божикни празници.

Monday, November 26, 2018

Регистрација на натпреварувачи за 2019 година

Почитувани ментори,
регистрацијата на натпреварувачите за натпреварите по Природни науки 2019 година започна. Регистрацијата ќе се одвива електроснки исто како и минатите години. За да пристапите на формуларот кликнете на долниот линк.

Формулар за регистрација на натпреварувачи за 2019 година

За најава на формуларот потребна е лозинка, која менторите претходно ја добија. Натпреварувачите можат да бидат пријавени САМО од страна на своите ментори.

Ви посакуваме среќа!

Wednesday, May 23, 2018

Конечни резултати од Државниот натпревар по природни науки


Почитувани ученици и ментори,

Конечните резултати од Државниот натпревар по природни науки за IV, V и VI одделение одржан на 20. мај 2018 год. можете да ги видите на долните линкови.
Упатуваме честитки до учениците и наставниците – ментори за учеството и покажаниот успех.
Наградите за Државниот натпревар се во зависност од максималните освоени бодови во одредена категорија.


од 75-82 освоени бодови Прва награда
од 67-74 освоени бодови Втора награда
од 59-66 освоени бодови Трета награда
од 50-58 освоени бодови Пофалница
Сите учесници кои освоиле помалку од 50 од бодови добиваат потврда за учество на овие натпревари.

Во оваа категорија, две учеснички (Ана Марија Србиноска и Андреа Јосифовска) имаа ист успех освојувајќи по 82 бодови, поради што и двете освојуваат прва награда во оваа категорија.

Независно од освоените награди, согласно Правилникот на МОН, имаме обврска да прогласиме прво место. Во врска со ова, во Правилникот на МОН се предвидува дека организаторот на натпреварите, на државно ниво може да прогласи само по еден ученик за освоено прво место на натпреварот во дадена категорија. Согласно чл.7 од Правилникот за организирање натпревари на МОН предвидено е дека доколку повеќе ученици имаат ист број бодови, првото место се определува со дополнителен критериум кој го определува Државната Комисија за натпревари по природни науки.
Државната Комисија за натпревари по природни науки на својата седница одржана на 23.05.2018 година ги разгледа сите можни решенија и слични искуства на други натпревари и донесе одлука дополнителен критериум за освојување на првото место во категорија на IV одделение да биде остварениот успех на учесничките во целиот натпреварувачки процес  (вклучувајќи ги општинските и регионалните натпревари).

општина
училиште
одд
ученик
натпревар
освоени бодови
награда
ментор
Кичево
ООУ „ Д-р Владимир Полежиновски“
IV
Ана Марија Србиноска
општински
87
II награда
Малина Петреска
регионален
93
I награда
Битола
ООУ „Д-р Трифун Пановски“
Андреа Јосифовска
општински
93
I награда
Тања Николовска
регионален
96
I награда


Од презентираните резултати може да се заклучи дека ученичката Андреа Јосифовска има подобрите резултати на претходните две нивоа натпревари, поради што Комисијата донесе одлука првото место во категорија на IV одделение да и го додели на Андреа Јосифовска.


од 89-96 освоени бодови Прва награда
од 78-87 освоени бодови Втора награда
од 69-77 освоени бодови Трета награда
од 59-68 освоени бодови Пофалница
Сите учесници кои освоиле помалку од 68 од бодови добиваат потврда за учество на овие натпревари.

од 80-88 освоени бодови Прва награда
од 71-79 освоени бодови Втора награда
од 62-70 освоени бодови Трета награда
од 44-61 освоени бодови Пофалница
Сите учесници кои освоиле помалку од 61 од бодови добиваат потврда за учество на овие натпревари.

Sunday, May 20, 2018

Прелиминарни резултати од Државниот натпревар по Природни науки

Прелиминарните резултати од Државниот натпревар по природни науки и клучевите по категории можете да ги најдете на долните линкови:



Писмени приговори на резултатите може да се поднесуваат директно до Државната комисија денеска, 20.05.2018, до 15:30 часот во соба бр. 21 или електронски до 21.05.2018, до 12:00 часот на следниве линкови:

Приговори за БИОЛОГИЈА
Приговори за ФИЗИКА
Приговори за ХЕМИЈА


ПИСМЕНИTЕ ПРИГОВОРИ ЌЕ БИДАТ ОДГОВОРЕНИ ПО E-MAIL И ЗА НИВ НЕМА ПОТРЕБА ДА СЕ ПОДНЕСУВА ДОПОЛНИТЕЛЕН ЕЛЕКТРОНСКИ ПРИГОВОР!!!

Thursday, May 17, 2018

Распоред на натпреварувачите

На долните линкови можете да го најдете распоредот на натпреварувачите по простории за Државниот натпревар.

4. одделение
5. одделение
6. одделение

Останува и понатаму повикот за вклучување на ментори во работата на Државната комисија, за прегледување тестови и одговорање на приговорите. Пријавувањето е со пополнување на електронскиот формулар кој можете да го отворите ако кликнете ОВДЕ.




Wednesday, May 16, 2018

Учество на наставници-ментори во работата на Државната комисија

Почитувани колешки и колеги,
Државната комисија на својата последна седница донесе одлука да вклучи наставници-ментори во работата на Државната комисија. Првите три одделенски наставници од три различни региони, првите три предметни наставници од 5. одделение од три различни региони и првите три предметни наставници од 6. одделение од три различни региони ќе бидат вклучени во работата на Државната комисија.
Тие ќе имаат обврска да учествуваат во прегледувањето на тестовите и во одговарање на приговорите од менторите.

Пријавувањето на менторите се врши по електронски пат, со пополнување формулар кој можете да го најдете ОВДЕ.

ВНИМАНИЕ! Ако за една иста категорија се јават повеќе ментори од еден ист регион, тогаш ќе биде избран менторот кој прв се јавил. Штом ќе биде исполнет бројот на пријавени ментори, формуларот автоматски ќе се исклучи.

Tuesday, May 8, 2018

Термин за одржување на Државниот натпревар по природни науки


5. Државен натпревар по природни науки за VI одделение и 3. Државен натпревар по природни науки за IV и V одделение ќе се одржи на 20. мај (недела) 2018 год. во просториите на Природно-математички факултет со почеток во 10 часот.
Распоред на учесниците по простории дополнително ќе биде објавен.
Учесниците на натпреварот треба да бидат пред зградата на ПМФ најдоцна во 930 часот.

Wednesday, May 2, 2018

Конечни резултати од регионалните натпревари


Почитувани ученици и ментори,

Конечните резултати од Регионалните натпревари по природни науки за IV, V и VI одделение одржани на 15.април 2018 год. можете да ги најдете на долниве линкови.

IV одделение                        V одделение                       VI одделение

Упатуваме     честитки    до    учениците     и    наставниците          ментори     за учеството и покажаниот успех.
Наградите       за     Регионалните       натпревари       се      во     зависност од максималните освоени бодови во одредена категорија.


Во  категоријата  а  IV  одделение  година  со  502  учесници - (446 наградени) (максимално освоени 99 бодови)
од 90-99 освоени бодови Прва награда
од 80-89 освоени бодови Втора награда
од 70-79 освоени бодови Трета награда
од 60-69 освоени бодови Пофалница
Сите учесници кои освоиле помалку од 60 од бодови добиваат потврда за учество на овие натпревари.

Во категоријата за V одделение со 657 учесници - (573 наградени) (максимално освоени 92 бодови)
од 83-92 освоени бодови Прва награда
од 73-82 освоени бодови Втора награда
од 63-72 освоени бодови Трета награда
од 53-62 освоени бодови Пофалница
Сите учесници кои освоиле помалку од 53 од бодови добиваат потврда за учество на овие натпревари.

Во категоријата за VI одделение со 611 учесници - (485 наградени) (максимално освоени 93 бодови)
од 84-93 освоени бодови Прва награда
од 74-83 освоени бодови Втора награда
од 64-73 освоени бодови Трета награда
од 54-63 освоени бодови Пофалница
Сите учесници кои освоиле помалку од 54 од бодови добиваат потврда за учество на овие натпревари.

На 3. Државен натпревар по природни науки ќе учествуваат:
Прв критериум првопласираните учесници на регионалните натпревари од секој регион во секоја категорија (IV, V и VI одделение) (во објавените табели означени со жолта боја)
Втор критериум дополнување до 10% од учесниците на Регионалните натпревари рангирани по освоени бодови, во зависност од максималниот број освоени бодови (во табелата означено со „да“), oдносно:
-     за IV одделение  со најмалку освоени 87 бода (88% од максимално освоени 99 бода) - 58 ученици,
-     за  V  одделение   со  најмалку  освоени  80  бодови  (87% од  максимално освоени 92) - 70 ученици,
-     за  VI  одделение   со  најмалку  освоени  74  бодови  (80% од  максимално освоени 93) 64 ученици.
Со овие критериуми,  вкупниот број на учесници на Државниот натпревар е 192.

Им посакуваме успех на сите учесници на 3. Државен натпревар!