Природни науки

Природни науки

Friday, October 21, 2016

Термини за натпреварите по природни науки во учебната 2016/17 година

Друштвото на биолози на Република Македонија, Друштвото на физичарите на Република Македонија и Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија отпочнуваат со активности за организација на натпреварите по природни науки за учениците од IV, V и VI одделение во основните училишта во учебната 2016/17 година. Натпреварите ќе бидат одржани во следниве термини:

Општински натпревари - 4. март 2017
Регионални натпревари - 8. април 2017
Државен натпревар - 20. мај 2017

Сите информации поврзани со натпреварите ќе бидат објавени редовно и навремено на овој блог. Затоа следете го редовно блогот.