Природни науки

Природни науки

Thursday, May 19, 2016

Правила за Регионален натпревар по Природни науки 2016

  1. Натпреварот започнува во 11:00 ч. Натпреварувачите треба да бидат пред училницата во која ќе се одвива натпре­ва­рот најдоцна во 10:45 ч. Натпреварот завршува во 12:30 ч. Тестовите предадени по 12:30 ч. нема да се земат предвид.
  2. Во Регионалната комисија се препорачува да има барем по еден наставник од секое учи­лиште кое учествува на натпреварот. Добредојдени се и повеќе наставници кои би сакале да се вклучат во работата на комисијата.
  3. Училиштата-домаќини се должни да обезбедат тестатори за натпреварот.
  4. Претседателот на комисијата (координаторот) поседува список од ученици кои имаат право да учествуваат на натпре­варот. Списоци со распоред на ученици треба да бидат истакнати на видно место на влезот на училиштето, како и на вратата на училницата во која што ќе се натпреваруваат учениците.
  5. Претседателот на комисијата (координаторот) ги носи испечатените тестови кои се наоѓаат во запечатен коверт. Ковертите се отвораат во присуство на членовите на Регионалната комисија.
  6. Решавањето на целиот тест (прашања и проблеми/задачи) трае 90 минути.
  7. Се препорачува ученици од исто училиште да бидат максимално оддалечени еден од друг во училницата (распоредот да го направи одговорниот наставник/член/ови на Регионалната комисија).
  8. Натпреварувачите се должни да носат со себе сино хемиско пенкало. Тестовите се изработуваат користејќи го хемиското пенкало. Не е дозволено да се работи со молив.
  9.  Забранета е употреба на мобилни телефони, џебни компјутери (најдобро е мобилните теле­фони да се соберат на почетокот на натпреварот и да се вратат по него­вото завршување).
  10.  На делот со повеќе понудени одговори од кои еден е точен, не смее да се врши поправање/преправање на резултатот. Какви било поправки, шкртаници или заокружени два или повеќе одговори автоматски се оценуваат како погрешен одговор.
  11.  Забранет е каков било разговор меѓу натпреварувачите.
  12.  Забранета е употреба на книги, тетратки, ливчиња, таблици и слично. Сите потребни податоци се дадени во тестот. Крајниот/те одговор/и треба да бидат предадени читко и прегледно.
  13.  Ако натпреварувачот сака да постави прашање, прашањето мора да биде поставено тивко, кратко и јасно. Доколку одговорниот наставник заклучи дека прашањето заслужува одговор, тој гласно го повторува прашањето и дава одговор. Во спротивно, повторно гласно, се одговара (на пример: „Тоа не е од значење за натпреварот“, „Тоа би требало да го знаеш“, „Токму тоа е прашањето на кое треба да одговориш“ и слично).
  14.  Натпреварувач што нема да се придржува до некое (или повеќе) од овие прави­ла/пре­по­ра­ки, може да биде исклучен од натпреварот.
  15.  Вкупниот број бодови што може да се освојат е 100.
  16.  Наставник кој е вклучен во натпреварите, а не се однесува професионално, може да биде повикан на одговорност (вклучително и кривична, доколку се докаже дека постои „пробивање“ на тестот во кое учествувал наставникот).
  17.  За евентуални нејаснотии, на денот на регионалниот натпревар, може да ги консултирате:
  • Од областа на физика
    Боце Митревски 078/278-545
    Оливер Зајков 075/438-357

    Од областа на хемија
    Марина Стојановска 078/211-222
    Марина Стефова

    Од областа на биологија
    Катерина Русевска 070/423-684
    Сузана Диневска-Ќовкаровска 071/368-250

2 comments:

  1. Кога се очекува да се објават резултатите и каде?

    ReplyDelete
  2. Na regionalniot natprevar vo kumanovo nemase pretstavnik od oou.Dituria-s.lipkovo.pozdrav.

    ReplyDelete

Note: Only a member of this blog may post a comment.