Природни науки

Природни науки

Tuesday, April 24, 2018

Прелиминарни резултати од регионалните натпревари по природни науки

Прелиминарните резултати од регионалните натпревари по природни науки и клучевите по категории можете да ги најдете на долните линкови:


Клуч на тестот за IV одд. (МКД ALB )
Клуч на тестот за одд. (МКД ALB TUR)
Клуч на тестот за VI одд. (МКД ALB TUR)

Приговори на резултатите може да се поднесуваат до 25.04.2018 (среда) 12:00 часот. Право да поднесат приговори имаат исклучиво менторите на натпреварувачите. Приговорите се поднесуваат електронски на следниве линкови:

Приговори за БИОЛОГИЈА
Приговори за ФИЗИКА
Приговори за ХЕМИЈА

Приговор се поднесува за секој ученик и за секоја област (биологија, физика, хемија) посебно.

Откако ќе заврши процесот на разгледување на приговорите, ќе бидат објавени ранг листите со критериумите за понатамошен пласман, согласно Правилникот за натпреварите.

Wednesday, April 11, 2018

Регионални натпревари

ПОТСЕТУВАЊЕ!!!


Како што веќе беше претходно најавено, регионалните натпревари ќе се одржат на 15.04.2018 година.

Натпреварите почнуваат во 10:00 часот!


Тоа значи дека учениците треба да стигнат во училиштето домаќин најдоцна во 9:30 часот, за да имаат време да се сместат и да се подготват психички.
Конечниот список со училишта домаќини можете да го симнете ОВДЕ

.

Monday, April 2, 2018

Учесници на регионалните натпревари

По корекциите од доставените приговори и внесените корекции за промените на менторите на натпреварувачите се формираа конечните списоци на учесници на регионалните натпревари по природни науки. На долните линкови може да ги видите списоците по категории.

4. одделение
5. одделение
6. одделение

За евентуални потребни корекции обратете со e-mail на адресата на натпреварите.

Следете ги редовно информациите на нашиот блог за да бидете информирани на време за сите идни активности.


Saturday, March 24, 2018

Конечни резултати од општинските натпревари по природни науки 2018

На долните линкови можете да ги видите конечните резултати од општинските натпревари по природни науки.

4. одделение
5. одделение
6. одделение

На регионалните натпревари продолжува првопласираниот од секоја општината (I критериум). Листата на натпреварувачи кои продолжуваат на регионалните натпревари се проширува со првите 55 % од рангираните натпреварувачи од секоја категорија (II критериум). Ако натпреварувачите кои не се во рамките на тој процент имаат еднаков број бодови со оние кои влегуваат во тој процент, листата се проширува со овие натпреварувачи.

За секој ученик кој се пласирал за регионалните натпревари во колоната "оди на регионален" пишува "да".

За да се добие на време, во резултатите кои се објавени не се вметнати корекциите за промените на имињата на менторите. Пред регионалните натпревари ќе биде објавена листа со корегирани имиња на менторите. После тоа менторите може да се јават за дополнителни корекции, ако тие не се направени.


Wednesday, March 14, 2018

Прелиминарни резултати

Прелиминарните резултати од општинските натпревари по природни науки и клучевите по категории можете да ги најдете на долните линкови:


Клуч на тестот за IV одд. (МКД / ALB )
Клуч на тестот за V одд. (МКД / ALB / TUR)
Клуч на тестот за VI одд. (МКД / ALB / TUR)

Приговори на резултатите може да се поднесуваат од 15.03.2018 (четврток) 17:00 часот, до 16.03.2018 (петок) 17:00 часот. Право да поднесат приговори имаат исклучиво менторите на натпреварувачите. Приговорите се поднесуваат електронски на следниве линкови:

Приговори за БИОЛОГИЈА
Приговори за ФИЗИКА
Приговори за ХЕМИЈА

Приговор се поднесува за секој ученик и за секоја област (биологија, физика, хемија) посебно.

Откако ќе заврши процесот на разгледување на приговорите, ќе бидат објавени ранг листата со критериумите за понатамошен пласман, согласно Правилникот за натпреварите.

Кога ќе бидат објавени резултатите од регионалните натпревари?

Тестовите од регионалните натпревари по природни науки се веќе прегледани. Се очекува денеска да се заврши внесувањето на резултатите и тие да бидат објавени денеска, најдоцна до 20:00 часот.
На натпреварите учествуваа повеќе од 3500 натпреварувачи. Се надеваме дека ќе имате разбирање.

Sunday, March 11, 2018

Промена на термини за натпреварите

Терминот за регионалните натпревари од Природни науки се поклопува со терминот за регионални натпревари по математика.
Од Сојузот на Математичарите на Македонија, кој е организатор на натпреварите по математика добивме список со ученици кои се пласирале на регионалните натпревари по математика. По споредувањето со списокот на ученици кои учествуваат на натпреварите по природни науки заклучивме дека голем број ученици се наоѓаат на двата списока. Комисијата за натпревари по природни науки имаше седница 09.03.2018 на која ја диксутираше за оваа состојба и откако ги разгледа сите аспекти и сите можности, го донесе следново решение.

Термините за регионалните натпревари и државниот натпревар  се поместуваат и новите датуми се:

Регионалните натпревари ќе се одржат на 15. април 2018 год. (недела)
                                                                                                                    
Државниот натпревар ќе се одржи на 19. мај 2018 год. (сабота)