Природни науки

Природни науки

Saturday, March 24, 2018

Конечни резултати од општинските натпревари по природни науки 2018

На долните линкови можете да ги видите конечните резултати од општинските натпревари по природни науки.

4. одделение
5. одделение
6. одделение

На регионалните натпревари продолжува првопласираниот од секоја општината (I критериум). Листата на натпреварувачи кои продолжуваат на регионалните натпревари се проширува со првите 55 % од рангираните натпреварувачи од секоја категорија (II критериум). Ако натпреварувачите кои не се во рамките на тој процент имаат еднаков број бодови со оние кои влегуваат во тој процент, листата се проширува со овие натпреварувачи.

За секој ученик кој се пласирал за регионалните натпревари во колоната "оди на регионален" пишува "да".

За да се добие на време, во резултатите кои се објавени не се вметнати корекциите за промените на имињата на менторите. Пред регионалните натпревари ќе биде објавена листа со корегирани имиња на менторите. После тоа менторите може да се јават за дополнителни корекции, ако тие не се направени.


No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.