Природни науки

Природни науки

Sunday, March 11, 2018

Промена на термини за натпреварите

Терминот за регионалните натпревари од Природни науки се поклопува со терминот за регионални натпревари по математика.
Од Сојузот на Математичарите на Македонија, кој е организатор на натпреварите по математика добивме список со ученици кои се пласирале на регионалните натпревари по математика. По споредувањето со списокот на ученици кои учествуваат на натпреварите по природни науки заклучивме дека голем број ученици се наоѓаат на двата списока. Комисијата за натпревари по природни науки имаше седница 09.03.2018 на која ја диксутираше за оваа состојба и откако ги разгледа сите аспекти и сите можности, го донесе следново решение.

Термините за регионалните натпревари и државниот натпревар  се поместуваат и новите датуми се:

Регионалните натпревари ќе се одржат на 15. април 2018 год. (недела)
                                                                                                                    
Државниот натпревар ќе се одржи на 19. мај 2018 год. (сабота)




No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.