Природни науки

Природни науки

Wednesday, May 2, 2018

Конечни резултати од регионалните натпревари


Почитувани ученици и ментори,

Конечните резултати од Регионалните натпревари по природни науки за IV, V и VI одделение одржани на 15.април 2018 год. можете да ги најдете на долниве линкови.

IV одделение                        V одделение                       VI одделение

Упатуваме     честитки    до    учениците     и    наставниците          ментори     за учеството и покажаниот успех.
Наградите       за     Регионалните       натпревари       се      во     зависност од максималните освоени бодови во одредена категорија.


Во  категоријата  а  IV  одделение  година  со  502  учесници - (446 наградени) (максимално освоени 99 бодови)
од 90-99 освоени бодови Прва награда
од 80-89 освоени бодови Втора награда
од 70-79 освоени бодови Трета награда
од 60-69 освоени бодови Пофалница
Сите учесници кои освоиле помалку од 60 од бодови добиваат потврда за учество на овие натпревари.

Во категоријата за V одделение со 657 учесници - (573 наградени) (максимално освоени 92 бодови)
од 83-92 освоени бодови Прва награда
од 73-82 освоени бодови Втора награда
од 63-72 освоени бодови Трета награда
од 53-62 освоени бодови Пофалница
Сите учесници кои освоиле помалку од 53 од бодови добиваат потврда за учество на овие натпревари.

Во категоријата за VI одделение со 611 учесници - (485 наградени) (максимално освоени 93 бодови)
од 84-93 освоени бодови Прва награда
од 74-83 освоени бодови Втора награда
од 64-73 освоени бодови Трета награда
од 54-63 освоени бодови Пофалница
Сите учесници кои освоиле помалку од 54 од бодови добиваат потврда за учество на овие натпревари.

На 3. Државен натпревар по природни науки ќе учествуваат:
Прв критериум првопласираните учесници на регионалните натпревари од секој регион во секоја категорија (IV, V и VI одделение) (во објавените табели означени со жолта боја)
Втор критериум дополнување до 10% од учесниците на Регионалните натпревари рангирани по освоени бодови, во зависност од максималниот број освоени бодови (во табелата означено со „да“), oдносно:
-     за IV одделение  со најмалку освоени 87 бода (88% од максимално освоени 99 бода) - 58 ученици,
-     за  V  одделение   со  најмалку  освоени  80  бодови  (87% од  максимално освоени 92) - 70 ученици,
-     за  VI  одделение   со  најмалку  освоени  74  бодови  (80% од  максимално освоени 93) 64 ученици.
Со овие критериуми,  вкупниот број на учесници на Државниот натпревар е 192.

Им посакуваме успех на сите учесници на 3. Државен натпревар!





No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.