Природни науки

Природни науки

Wednesday, May 23, 2018

Конечни резултати од Државниот натпревар по природни науки


Почитувани ученици и ментори,

Конечните резултати од Државниот натпревар по природни науки за IV, V и VI одделение одржан на 20. мај 2018 год. можете да ги видите на долните линкови.
Упатуваме честитки до учениците и наставниците – ментори за учеството и покажаниот успех.
Наградите за Државниот натпревар се во зависност од максималните освоени бодови во одредена категорија.


од 75-82 освоени бодови Прва награда
од 67-74 освоени бодови Втора награда
од 59-66 освоени бодови Трета награда
од 50-58 освоени бодови Пофалница
Сите учесници кои освоиле помалку од 50 од бодови добиваат потврда за учество на овие натпревари.

Во оваа категорија, две учеснички (Ана Марија Србиноска и Андреа Јосифовска) имаа ист успех освојувајќи по 82 бодови, поради што и двете освојуваат прва награда во оваа категорија.

Независно од освоените награди, согласно Правилникот на МОН, имаме обврска да прогласиме прво место. Во врска со ова, во Правилникот на МОН се предвидува дека организаторот на натпреварите, на државно ниво може да прогласи само по еден ученик за освоено прво место на натпреварот во дадена категорија. Согласно чл.7 од Правилникот за организирање натпревари на МОН предвидено е дека доколку повеќе ученици имаат ист број бодови, првото место се определува со дополнителен критериум кој го определува Државната Комисија за натпревари по природни науки.
Државната Комисија за натпревари по природни науки на својата седница одржана на 23.05.2018 година ги разгледа сите можни решенија и слични искуства на други натпревари и донесе одлука дополнителен критериум за освојување на првото место во категорија на IV одделение да биде остварениот успех на учесничките во целиот натпреварувачки процес  (вклучувајќи ги општинските и регионалните натпревари).

општина
училиште
одд
ученик
натпревар
освоени бодови
награда
ментор
Кичево
ООУ „ Д-р Владимир Полежиновски“
IV
Ана Марија Србиноска
општински
87
II награда
Малина Петреска
регионален
93
I награда
Битола
ООУ „Д-р Трифун Пановски“
Андреа Јосифовска
општински
93
I награда
Тања Николовска
регионален
96
I награда


Од презентираните резултати може да се заклучи дека ученичката Андреа Јосифовска има подобрите резултати на претходните две нивоа натпревари, поради што Комисијата донесе одлука првото место во категорија на IV одделение да и го додели на Андреа Јосифовска.


од 89-96 освоени бодови Прва награда
од 78-87 освоени бодови Втора награда
од 69-77 освоени бодови Трета награда
од 59-68 освоени бодови Пофалница
Сите учесници кои освоиле помалку од 68 од бодови добиваат потврда за учество на овие натпревари.

од 80-88 освоени бодови Прва награда
од 71-79 освоени бодови Втора награда
од 62-70 освоени бодови Трета награда
од 44-61 освоени бодови Пофалница
Сите учесници кои освоиле помалку од 61 од бодови добиваат потврда за учество на овие натпревари.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.