Пред се, се извинуваме за пролонгирањето на објавувањето на резултатите. Како што веќе беше еднаш кажано, се појавија многу технички проблеми поради доцната регистрација на голем дел од натпреварувачите. За жал дел од нив воопшто не се појавија на натпреварите, а дел од нив беа заменети со други натпреварувачи на самиот натпревар. На тој начин бевме доведени пред свршен чин: не можевме резултатите за тие деца да не ги објавиме. Сепак натпреварите ги правиме заради децата и нивната желба да се доближат повеќе до природните науки.
Во меѓувреме техничките проблеми се надградија. Голем дел од ливчињата во ковертите не беа пополнети правилно. Имаше ливчиња во кои немаше податок за училиштето или за градот или за менторот. Имаше дури и ливчиња само со име (без презиме) и без било какви други податоци. Сето ова бараше време и нерви за да се реши се во прилог на децата.
Прелиминарните резултатит можете да ги најдете на долните линкови:
4. одделение
5. одделение
6. одделение
Приговорите се поднесуваат електронски. Само кликнете на ФОРМУЛАР ЗА ПРИГОВОР. Рокот за приговори е до понеделник, 20.03.2017, до 15:00 часот.
ВНИМАВАЈТЕ! Во приговорот треба да дадете образложение за кое прашање приговарате. Приговорите без образложение нема да бидат разгледувани.
Објавете ги клучевите за да можеме да приговараме. Благодарам
ReplyDeleteДа, навистина, без решениjата правилно образложен приговор и не е можен.
ReplyDeleteПочитувани во IV одделение ги нема резултатите за учениците од општина Гази Баба. Ве молиме за навремено известување за да се испочитува временската рамка за приговори!
ReplyDeleteПочитувани во V одделение ги нема резултатите за учениците од општина Липковов Училиште Дитуриа. Ве молиме за навремено известување.
ReplyDeleteСо Почит
Pocituvani ve molam dajte objasnuvanje za kriteriumite spored brojot na bodovi za ucestvuvanje vo regionalen natprevar
ReplyDeleteПочитувани за IV одделение ги нема резултатите од општина Аеродром. Ве молиме за инфо.
ReplyDelete