Природни науки

Природни науки

Saturday, May 20, 2017

Клучеви и прелиминарни резултати

Бидејќи имаше барање од многу ментори клучевите да бидат објавени колку е можно побргу, ги објавивме веднаш после тестирањето во онаа сирова форма. Сепак, согласно нашата веќе востановена практика, во текот на прегледувањето на тестовите, клучевите ги проширивме, па на долните линкови можете да ги видите новите освежени клучеви.
Во меѓувреме беа направени технички корекции на клучевите врз основа на реакции и насоки добиени од ментори и тие корекции се ажурирани во овие клучеви.

4. одделение КЛУЧ
5. одделение КЛУЧ
6. одделение КЛУЧ

Прелиминарните резултати можете да ги видите на долните линкови.

4. одделение Прелиминарни резултати
5. одделение Прелиминарни резултати
6. одделение Прелиминарни резултати


Приговори на резултатите од Државниот натпревар се поднесуваат со пополнување на електронски формулар, кој може да се најде ОВДЕ. Краен рок за поднесување приговори е понеделник, 22.05.2017, до 15:00 часот.




68 comments:

  1. Klucot za 4 to oddelenie ne e kompleten

    ReplyDelete
  2. Koga ke bidat objaveni rezultatite

    ReplyDelete
  3. Прашањето за четврто одделение со реден број 2 е апсолутно надвор од програмата. Децата немаат учено за сериско и паралелно врзување!!!!!!Прашањето носи 12 бода и автоматски децата се оштетени!!!!!!Целта треба да Ви биде да извлечете максимум од тие чисти душички, а не да ги фатите во незнање!!!!!!

    ReplyDelete
  4. Се согласувам потполно со Вас

    ReplyDelete
  5. Во тестот за 5то одд. прашањата бр. 1 (временски зони), бр. 5 и 6 (филтри) не се дел од програмата, а формулацијата на прашањето бр.10 е "добра" само за да ги збуни, а не и да го провери нивното знаење.

    ReplyDelete
  6. Една задача за шесто одделение носи 24 бода! И нема врска со биологија, туку со правење дијаграми. Абе кој ви ги прави задачите да се слика

    ReplyDelete
  7. Moze li da gi objavite granicite za nagradite?

    ReplyDelete
  8. se uci od ucebnik bez definicii pa vie vlecete zaklucoci,a formulirano kako za studenti,koj znae i prasanjata kolku gi razbirale,tuku aj kazete ni barem od kolku do kolku se I,II,III

    ReplyDelete
  9. Задачи за математичари на натпревар по природни науки. Неосмислени прашања и задачи за учесници кои учат од учебници со сликички.Дали идната година очекувате учесници

    ReplyDelete
  10. Ви благодариме за одлично организиран и реализиран државен натпревар. Поздрав до наредната година. PS:Честитки за ажурноста околу објавата на клучот и прелиминарните резултати

    ReplyDelete
  11. Форнуларот за приговори НЕ функционира, плус рокот е само неколку часа во првиот работен ден. А да си побарате организациска помош? Очајно ви треба.

    ReplyDelete
  12. Во контекст на муабетот за прашањате и темите за натпреварот, ова е напишано од ваша страна (организатори-Природно научнњаци).

    " За прашањата и темите за натпреварите по природни науки:
    Потсетување за менторите на некои правила при креирање на тестовите за натпреварите, кои треба да ги земат предвид при подготовката на натпреварувачите:

    1. Во тестовите може да бидат поставени прашања во кои се потребни знаења од изучениот материјал од претходната учебна година по предметот природни науки (за 4. од 3. одделение, за 5. од 4. одделение и за 6. од 5. одделение).

    2. Прашањата за натпреварите ќе бидат составувани согласно наставните програми за предметот Природни науки и материјалор даден во учебниците кои се во тековна употреба."

    Извинете, но голем дел од прашањата на овој натпревар не соодвестуваат со погоре напишаното!

    ReplyDelete
  13. Nesmeete vo klucot za sesto oddelenie da go dadete 2 prasanje toa e za 8 oddelenie po fizika.Ako se prijavilo deteto na natprevar ne treba da uci se od 4 do 9 po fizika biologija i hemija!Ve molam prasanjeto da bide isfrleno!

    ReplyDelete
  14. Izvini ama za 5 oddelenie 9 prasanje e kompleten absurd

    ReplyDelete
  15. Rednite broevi na prasanjata od petto vo objavata na dobieni poeni po sekoe prasanje i oblast vi se pogresno napisani.Za da nemame zabuna po koe prasanje kolku poeni dobil ucenikot koregirajte ja greskata za da mozeme da prigovarame po tocno odredeno prasanje i za broj bodovi po toa prasanje

    ReplyDelete
  16. Каде можам да си го видам тестот и грешките

    ReplyDelete
  17. Тестот кој беше наменет за V одд. имаше задача од георфафија

    ReplyDelete
  18. Nasite deca od 6 to odd ne ucat fizika , hemija ili pak biologija, zatoa vtoroto prasanje treba potpolno da se isfrli. No sepak dobro e sto ne ste im dale zadaci sto gi davate na kolokviumi na vasiot fakultet

    ReplyDelete
  19. Ментор
    Почитувани линкот не е во функција

    ReplyDelete
  20. Ментор од Скопје
    почитувани линкот за приговори не е функционален

    ReplyDelete
  21. This comment has been removed by the author.

    ReplyDelete
  22. почитувани линкот за приговори не функционира
    ментор Зојка Поповска Скопје

    ReplyDelete
  23. Затоа што страната за приговори не Ви работи јас Тренкоска Јулијана ментор на Софија Настоска ООУ Кочо Рацин -Прилеп сакам да поднесам приговор во однос на прашањето бр 2 треба да има 6 поени бидеќи точно и се одговорени прашањата 2.1 и 2.3 и прашањето бр .8 каде точно и се заокружени сите четири тврдења.Ве молам ако овдека не се уважуваат приговорите пишетеми каде можам да го сторам тоа бидеќи рокот на жалби е краток.Или пишетеми на мојата мел адреса trenkoskajulijana@yahoo.com

    ReplyDelete
  24. Ве замолувам како родител да ги поправите своите грешки во тестовите за 5 одд.со задачите со филтри во бои бидејки не е фер кон децата да се поставуваат задачи кои ги нема во материјалот кои тие го изучуваат а и нема поставени примери од истите.Во спротивно незнам како ке се мотивираат за догодишно учество.Затоа ве замолувам да ги признаете истите задачи како точни и да го испочитувате мачењето на децата и менторите.
    😊

    ReplyDelete
    Replies
    1. Потполно Ве поддржувам и се согласувам со тоа!

      Delete
    2. This comment has been removed by the author.

      Delete
  25. Затоа што страната за приговори не Ви работи јас Тренкоска Јулијана ментор на Магдалена Ковилоска од ООУ Кочо Рацин-Прилеп сакам да поднесам приговор за прашање бр.11 под б Ученичката има напишано дека во чашата А водата е поладна а во чашата Б водата била потопла.За прашања бр. 13 има напишано вилица а не само долна вилица бидејќи никаде досега во учебникот не се споменува ни вилица па камоли горна или долна вилица (сепак се гледа дека распознава за делови од черепот и точно знае каде се наоѓа).За прашање бр.14 наброени се по ист редослед како во учебникот па мислам дека не треба да се одземаат бодови на точно одговорени прашања за размислување на 9 годишни ученици.За прашање бр 13 за делот од граден кош имаше во клучот понудено како точен одговор да се земи или ребра и ли граден кош ученичката има напишано ребра, и е земено како погрешен одговор.Ве молам ако овдека не се уважуваат приговорите пишетеми каде можам да го сторам тоа бидеќи рокот на жалби е краток.Или пишетеми на мојата мел адреса trenkoskajulijana@yahoo.com

    ReplyDelete
  26. ќе ве молам казете дали профункционила електронскио формулар за приговори.ВИ БЛАГОДАРАМ

    ReplyDelete
  27. Koja godina bil strasniot zemjotres vo Skopje? Prasanje za 4 oddelenie od Istorija ! Ovoj podatok e vazen za Istorija, a ne sfakam koja e vaznosta na godinata za prirodni nauki ! Napisete go toj podatok vo ucebnikot za 4 oddelenie i potoa barajte go i toa znaenje od decata..ne vaka! Zatoa predlagam tamu kade imate odzemeno bodovi po ova prasanje da im gi vratite na site DECA !

    ReplyDelete
  28. Бидејќи линкот не работи, јас Билјана Илиоска поднесувам приговор за ученичката Христина Кулеска. Прашање бр. 2.1 и 2.2 има точен одговор ИСТО. (признат е само еден точен одговор бидејќи има признати 3 поени, а треба 6 поени од можни 12 поени). Прашање број 6 - има заокружено 3 одговори од кои сите 6 се ставени како точни. Значи половина прашање е точно одговорено и вреди 3 поени. Можете половина да е признато и добие 1,5 поен од можни 3 поени. Прашање број 8 во целост е точно одговорено а има освоено само 6 поени од можни 12 поени. Прашање број 11 е во целост е точно одговорено а) Поради испарување на течноста б) Бидејќи течноста е покрај прозорец и има повеќе испарување ( признат е само еден одговор и има освоено 3 поени, а треба да освои 6 поени). Прашање број 12. Во целост е точно одговорено - ДВИЖЕЊЕ ПО СНЕГ И ЛЕД - Ѓ, Б (дебели и груби шепи и силни нозе) СПРЕЧУВАЊЕ НА ГУБЕЊЕ НА ТОПЛИНА - А (густо крзно со долги влакна), Г- дебел слој на масно ткиво и Д - мали уши. ЗА ЛОВЕЊЕ - Е (развиено сетило за мирис)- треба да освои 7 поени (а има освоено 5) Во вашиот клуч е погрешно даден одговор ЗА ЛОВЕЊЕ не му е потребно БЕЛО КРЗНО и СИЛНИ НОЗЕ туку само Развиено сетило за мирис - така е напишано и во самиот учебник по Природни науки. Прашање број 13. На местото за бутна коска е напишано надколеница што исто така е точен одговор и на местото голема писка има напишано подколеница што исто така е точен одговор. (има освоено 5 поени а треба да има 7 поени) Прашање број 16. Има поставено прашања Дали е птица? (точно) Дали живее во Антарктикот? (точно) Дали има долг врат? (точно) Дали живее на копно? (точно) Дали има 8 нозе? (точно) Дали плива?(неточно) Значи треба да освои 5 поени од можни 6, а има освоено 3 поени.Мојот контакт е-маил е следниот biljana7@yahoo.com

    ReplyDelete
  29. This comment has been removed by the author.

    ReplyDelete
  30. Натпртеваров ви беше потполна катасрофа. имавте замислено да ги разочарате децата и морам да речам дека Ви успеа. Три месеци интензивни подготовки. Симнати илјадници страници од Интернет оти Кембрич е катастрофа и на крајот несоодветни прашања, па и по некоја задача помеѓу прашањата. Ги расплакавте децата, ги изнервиравте родителите. Имам еден добронамерен предлог до Министерството за образование. „Господине министре веднаш да се одземе Акридитацијата на овие организатори“ Зборот катастрофа за нив е мек и несоодветен а аво моментов не ми текнува на друг.

    ReplyDelete
  31. Се извинувам за техничките грешки во мојот текст погоре. Многу сум нервозен.

    ReplyDelete
  32. Прашање 8 во тестот за 5 одделение (хемија), барате од деца од 10-11год да нацртаат фазен дијаграм, и врз основа на дијаграм да одредат кога почнува да врие течноста - АПСУРД! Искрено ме интетрсира дали колегите хемичари ја погледнале наставната програма по ПН за 5 одделение, па и онаа по Хемија за 8 и 9 и да видат дали ова е воопшто предвидено во програмата! РАЗГЛЕДАЈТЕ ГО НАСТАВНОТО ПОМАГАЛО ДА ВИДИТЕ ШТО ИМААТ ДЕЦАТА НА РАСПОЛАГАЊЕ!
    Физичари и за Вас прашањата со филтрите за бои - НЕ Е ВО РЕД! ДЕЦА СЕ ОД 10-11г.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Апсолутно се согласувам со вас и ако организаторите го читаат секој коментар кој е издржан како вашиот треба да се корегираат во оценувањето на тие прашања.Филтри учат учениците од осмо одделение по физика!!!

      Delete
    2. би сакала да прашам, дали од Ваша страна (како организатор) е исконсултиран членот на Државната комисија за организирање на натпревари по ПН, поставен од БРО при МОН, при креирањето на прашањата за овој Државен натпревар?!? Зашто ценам дека доколку организаторот е во комуникација со БРО при МОН, вакви за возраста НЕСООДВЕТНИ ПРАШАЊА НЕ БИ ПОМИНАЛЕ!

      Delete
    3. И јас уште пред 2-3 недели го спомнав дека е мутна работава со задолжителниот члено на комисијат од Биро за развој на образованието, ама кој чита...
      Во шесто одделение задача под број 9 носи вкупно 24 бодови. А задачата ептен тешко делумно да се реши точно - или ти е скроз точна или скроз неточна. Башка што е цртање на дијаграми, а толку бодови за цртање на дијаграми... Чудесии.

      Delete
  33. Гледајќи го коментарите на менторите погоре во блогот а на родителите не можам а да не одреагирам како разочаран родител бидејќи и моето дете беше учесник на натпреваров - четврто одд. и реагирам на истите неправди а и прашања бр.11, прашање бр.13 кои и моето дете ги одговорило( логички затоа што поинаку не може кога не се учени) а прашањето бр.2 не е за коментирање воопшто. Загрижувачки,разочарувачки и крајно неосмислен пристап на оние на кои покасно треба да им ги пуштиме нашите деца на формирање како зрели личности. Немањето слух за сите укажувања на пропустите се само на штета на нашите деца за жал а на вас НЕКА ВИ Е НА ЧЕСТ.

    ReplyDelete
  34. Читајки ги сите коментари сметам дека навистина има неправилности и неправедности спрема нашите деца(мислам на сите што учествуваа на натпреварот).Би сакала само да ме известите како и дали може да го видиме нашиот тест.

    ReplyDelete
  35. Читајки ги сите коментари сметам дека навистина има неправилности и неправедности спрема нашите деца(мислам на сите што учествуваа на натпреварот).Би сакала само да ме известите како и дали може да го видиме нашиот тест.

    ReplyDelete
  36. Копии од тестовите да ги испратите во соодветните училишта и врз основа на истите ќе поднесеме жалби. Рокот да го поместите за да има доволно време. Децава буквално се испокрадени. Има примери каде наместо 8 бода признаени се 2 или 1 бод. Конкретно моето дете мислам дека е „осакатено“ со најмалку 25 бода и веројатно прва награда. КОПИИ ОД ТЕСТОВИТЕ ВЕДНАШ ДА ИСПАРАТИТЕ. ПОВТОРУВАМ ВЕДНАШ!!!!

    ReplyDelete
  37. Копии од тестовите да ги испратите во соодветните училишта и врз основа на истите ќе поднесеме жалби. Рокот да го поместите за да има доволно време. Децава буквално се испокрадени. Има примери каде наместо 8 бода признаени се 2 или 1 бод. Конкретно моето дете мислам дека е „осакатено“ со најмалку 25 бода и веројатно прва награда. КОПИИ ОД ТЕСТОВИТЕ ВЕДНАШ ДА ИСПАРАТИТЕ. ПОВТОРУВАМ ВЕДНАШ!!!!

    ReplyDelete
  38. Копии од тестовите да ги испратите во соодветните училишта и врз основа на истите ќе поднесеме жалби. Рокот да го поместите за да има доволно време. Децава буквално се испокрадени. Има примери каде наместо 8 бода признаени се 2 или 1 бод. Конкретно моето дете мислам дека е „осакатено“ со најмалку 25 бода и веројатно прва награда. КОПИИ ОД ТЕСТОВИТЕ ВЕДНАШ ДА ИСПАРАТИТЕ. ПОВТОРУВАМ ВЕДНАШ!!!!

    ReplyDelete
  39. Во тестот за 5 одделение доколку ги соберете поените ќе видите дека тестот носи 102 поени и првото прашање треба да носи 8 поени а не 6 поени (по 2 поени за секој одговор). Доколку ги додадеме и овие 2 поени од првото прашање добиваме тест со 104 поени. Па добро бе дали сте вие писмени, кој ви ги даде дипломите, Вие сте срам за професорската професија, незнаете да составите еден тест којшто ќе биде коректен или сето ова ви е експеримент. Родителиве на децата којшто учествуваа да покренат петиција за одземање на акредитацијата а можеби и за една колективна тужба за предизвикан стрес на децава па да сватат дека работат со човечки суштества

    ReplyDelete
  40. Ne znam koj gi sostavuval testovite ama vrska nema od zivotot i ne go poglednal ucebnikot za 5 odd. Vo ucebnikot pisuva deka kontrolniot primerok se odgleduva samo vo normalni uslovi. So toa celata zadaca e pogresno postavena. Isto taka,filtri ne se spimnuvaaat vo ucebnikot,ne se decata vinovni sto nastavnickata resila toa da ne go predava iako bilo po tematski plan. Dali toa znaci da i vikneme inspekcija nie roditelite ili vie toa ke go napravite? Decata se osteteni za mnogu bodovi. Ili ponistete go natprevarot ili site nagradete gi. I naucete kako se sostavuvaat prasanja i kako se organizira natprevar, zasto ne vi se isti bodovite naklucot i na testot.

    ReplyDelete
  41. Поништување на целиот натпревар ВЕДНАШ и организирање на нов со нормални прашања и сведување на грешките на МИНУМУМ. Уште од општинските натпревари реагиравме не недостатоци. И тие наместо да се одстрануваат тие само се мултиплицираа. Организаторот е виновен за се. Успеаја децава да ги одвратат од понатамошни натпревари и да ги демотивираат. БАРАМЕ НОВ НАТПРЕВАР И ПОНИШТУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ. ВЕДНАШ!!!!!!

    ReplyDelete
  42. Почитувани,
    Најпрво да Ве известам дека како ментор Марина Василева немам добиено лозинка за да можам да поднесам приговор, па го користам овој начин да поднесам приговор за ученикот Стефан Прокоповски од IV-3 одделение ООУ "Св.Кирил и Методиј" Скопје по однос на прашањето 3.1 за кое ученикот одговорил бод в) кое е точен одговор , а за истото нема добиено бодови.Ве молам да се разгледа истото и да добиеме информација.Мојот e-mail: vasileva_marina@yahoo.com .Ви благодарам!

    ReplyDelete
  43. Страната за приговори не Ви работи,, па затоа јас Цветанка Караѓулеска ментор на Мила Нанеска од ООУ Кочо Рацин-Прилеп сакам да поднесам приговор:Приговорот е во врска со прашањето бр.11, во клучот за 4 одд. Во претходните одговори на приговорите се повикувавте на тоа дека ќе ја земете во предвид креативноста на децата во одговорите на прашњата.Ученикот на прашањето 11 под „ а “ има одговорено дека со стоење на чашите отворени три дена, честичките на течноста побегнале од површината на течноста во околината, а под „ б“ одговорот е дека во чашата Б побегнале побрзо отколку во чашата А.Исто така сметам во прашањето со бр.15, во делот што се однесува за податоци за година , дека треба да се изземе, и да не се бодира ( а, најчесто тоа се прави кога како испитувачи сакаме да внесеме „потешки “ прашања во тстот, форсирајќи исклучиво фактогравски знаења и меморирање).Сепак во иднина,(кога станува збор за натпревар од ваков ранг) би требало да се поводе сметка и да не се занемарат базичните принципи на разбирање и примена на знаењето како и соодветна формулација на прашањата ( јасни, недвосмислени, не преопширни) и да нема небитни детали.

    ReplyDelete
  44. Затоа што страната за приговори не Ви работи јас Тренкоска Јулијана ментор на Иван Јорданов ООУ Кочо Рацин -Прилеп сакам да поднесам приговор во однос на прашањето бр 13 треба да има 10 поени бидеќи точно му се пополнети сите празни полиња според првиот клуч со повеќе можни одговори.Дали го сменивте клучот со цел да можите да манипулирате со одговорите на учениците .Ве молам ако овдека не се уважуваат приговорите пишетеми каде можам да го сторам тоа бидеќи рокот на жалби е краток.Или пишетеми на мојата мел адреса trenkoskajulijana@yahoo.com

    ReplyDelete
  45. This comment has been removed by the author.

    ReplyDelete
  46. Бидејќи линкот не работи , јас Ивана Чајева како ментор ( преку мојот емаил не можам да поднесам приговор бидејќи ми бара лозинка, а истата ја немам добиено на својот емаил) поднесувам приговор за ученикот Матеј Цветковски. Прашање број 11 е во целост е точно одговорено под а) Поради испарување на течноста но под б) Бидејќи течноста е покрај прозорец ( признат се само 3 поени, а треба да освои 6 поени , а прашањето е блиску до одговорот со оглед на возраста на децата). Прашање број 12. Во целост е точно одговорено - ДВИЖЕЊЕ ПО СНЕГ И ЛЕД - Ѓ, Б (дебели и груби шепи и силни нозе) СПРЕЧУВАЊЕ НА ГУБЕЊЕ НА ТОПЛИНА - А (густо крзно со долги влакна), Г- дебел слој на масно ткиво и Д - мали уши. ЗА ЛОВЕЊЕ - Е (развиено сетило за мирис)- треба да освои 6 поени (а има освоено 5) Во вашиот клуч е погрешно даден одговор ЗА ЛОВЕЊЕ не му е потребно БЕЛО КРЗНО и СИЛНИ НОЗЕ туку само Развиено сетило за мирис - така е напишано и во самиот учебник по Природни науки. Прашање број 14. Не се наброени по ист редослед како во клучот туку 1.Предвудување, 2.Поставување прашања, 3. Набљудување, 4.Анализирање на резултатпа и 5.Претставување на дијаграм (тоа е вид на забележување на податоци што) мислам дека не треба да се одземаат (има освоено 3 поени а треба да има 6 поени) Прашање број 16. Сите се признаени освен делот со жирафата и поларната мечка стои- Дали е високо?( ученикот немал простор да запише дали живее во пустина или некој друг вид на подолг одговор) Значи треба да освои 6 поени од можни 6, а има освоено 5 поени.Мојот контакт е-маил е следниот ivana_i86@yahoo.com

    ReplyDelete
  47. Затоа што линкот за приговори не е во функција, јас Оливера Кратевска поднесувам приговор за ученикот Димитар Андоновски. Прашање број 12. во целост е точно одговорено - ДВИЖЕЊЕ ПО СНЕГ И ЛЕД - Ѓ, Б, СПРЕЧУВАЊЕ НА ГУБЕЊЕ НА ТОПЛИНА - А, Г и Д. ЗА ЛОВЕЊЕ -Б и Е - треба да освои 7 поени (а има освоено 4). Прашање број 13. има само една коска неидентификувана а останатите се точно напишани и според тоа треба да има 9 поени (а има освоено 8 поени) Прашање број 16, со оглед на тоа што се бара логика и креативност на учениците во дефинирање на прашањата, треба да ги има сите можни 6 поени (а има освоено 4 поени).Мојот контакт е-маил е следниот oliverakovacovskakratevska@yahoo.com

    ReplyDelete
  48. Јас, Валерија Ивановска , одделенски наставник од ООУ„ Кирили Методиј“ Свети Николе ментор на ученичката Милена Стојкова поднесувам приговор за прашањето 11 а) напишан одговор ОД ТОПЛИНАТА ОД СОНЦЕТО Б) НАПИШАН ОДГОВОР Б- ТЕЧНОСТ Е ПОИСПАРЛИВА. Сметам дека со оглед на возраста и изучениот материјал треба да се признае одговорот.

    ReplyDelete
  49. Почитувани. Јас, Ленче Лабоска ментор на Илија Волканоски, заради Ваша неажурност не можев да испратам приговор. За да го испратам приговорот бара лозинка, која не ја добив на маил. Мојот контакт е-маил е lence.oh@hotmail.com

    ReplyDelete
  50. Почитувани, во улога на ментор после долго размислување мислам дека некои работи треба да се кажат. Прво не постои сиров клуч, затоа што кога се изработува тестот точно се знае кој одговор треба да го очекуваш, нема прв клуч па потоа втор итн. нема сугестии за одговори - сугестиите требаше да го побарате пред изработката на тестот а не потоа, јас верувам дека ниту еден наставник немаше да одбие соработка. Потоа има план и програма, предметите како биологија, хемија, физика се обемни предмети и возраста на учениците не дозволува пренесување на знаења во преголем обем, надвор од програмата. УченицитеАанивните се спремаат за натпревар на кој не им е вреднуван трудот и како награда добиваат прашања кои се надвор од материјалот се оправдани. Треба да корегирање некои работи и тоа темелно ако сакате да има ученици кои и понатаму би продолжиле во областа на природните науки, а не да го демотивирате да не сака ниту да помисли да им посвети внимание. Ние како кадар излеговме од факултетот под Ваше раководство и насочување, ваквите искуства не ни се познати. Вие точно секогаш ни посочувавте што точно треба да се направи и што се очекува а сега гледаме вакво нешто... Учениците имаат голем интерес за природните науки, нивната посветеност е огромна...желбата за искажување на знаењата е на високо ниво, па имаше околу 5-6 деца од паралелка кои сакаа да учествуваат на натпреварот и сега добиваме одговор дека повеќе природни науки натпревар нема шанси разочарувачки е за сите. Позз

    ReplyDelete
  51. Со вакво однесување и одговор на приговорите, не рачунајте на деца следната година, бидејќи тие имаат 10 години, а вие му давате прашања надвор од материјалот несоодветни за нивната возраст.Не знам што сакате да постигнете, но факт е дека децата се демотивирани

    ReplyDelete
  52. Gi citam komentarive. Ne sakav da pisam, ama ne dodrzav. Pola od vremeto sto go potrosivte na placenje i ligavenje da go potrosevte da gi spremate decata, sega site ke imaja po 100 boda. Na nas makedoncite stalno sudiite ni se krivi. Zaradi "kletite predavnici" gi gubime utakmicite. Za sramoi!
    Natprevarot e odlicen. Samo taka.

    ReplyDelete
    Replies
    1. "ОДЛИЧЕН" е до таа мера, што во рок од 24 часа 5 пати се ажурира клучот и се прави превид при пресметување на вкупниот број поени, што само по себе зборува за ГОЛЕМИНАТА НА НАТПРЕВАРОТ. Вие "UNKNOWN" очигледно "толку добро сте го спремале Вашето/ Вашите дете/деца" што растура по вакви т.н. натпревари.
      ОЧИГЛЕДНО НИКОГАШ НЕ СТЕ СЕ НАТПРЕВАРУВАЛЕ НАДВОР ОД ГРАНИЦИВЕ НА НАШЕВО ДРЖАВИЧЕ, И НЕ ЗНАЕТЕ ШТО ЗНАЧИ НАТПРРВАР.


      Delete
  53. Колку е одличен, дури ни формуларот за приговори не проработи. Сега ќе објават дека „одлично организиран натпревар, БЕЗ НИЕДЕН ПРИГОВОР“ :) Абе кога нешто правиш втор пат во живот, редно е да побараш помош а не да правиш катастрофи.

    ReplyDelete
  54. Moze li da gi objavite granicite za nagradite??

    ReplyDelete
  55. Треба да им се земе акридитацијата и толку. Ќе нема проблеми. Вакви организатори успеаја да изнервираат 500 деца, 1 000 родители, 500 наставници.

    ReplyDelete
  56. Od tolku mnogu mentori i roditeli vkluceni vo komeentarite koi site negativno se izjasnija sekogas ima po nekoja CRNA OVCA sto se izdvojuva od stadoto .Samo mentor i roditel koi naporno rabatat so ucenikot ke reagiraat i ke komentiraat ke se razocarat .A nezainteresiran roditel ili mentor nemu mu e seedno .Nitu vlozil kojznae kolkav trud nitu reagira .DALI KE TI BIDE SEEDNO AKO NEPRAVEDNO SE ODZEMANI MNOGU BODOVI A PRIGOVORITE NEMAAT NIKAKVA VAZNOST .

    ReplyDelete
    Replies
    1. Прашањата навистина не се соодветни за возраста на учесниците,ниту пак се земени во обзир нашите реакции... Навистина не е убава глетката кога ќе ги видиш децата демотивирани после огромната желба за успех... Позади многу од децата стојат ментори кои ги изнесуваат своите разочарувања во врска со натпреварите и со сите сили се обидуваат да ги променат работите на подобро за во иднина, додека менторот на моето дете ниту досега беше заинтересирана за тоа што се случува во врска со натреварувањето, ниту се јави да праша дали треба да се поднесе приговор во врска со некое прашање иако мојата ќерка се наоѓа на четвртата позиција кај натпреварувачите од петто одделение...Моето дете изнесува неправилности во врска со бодувањата на одредени прашања, ама за жал поединци само ќе се китат со дипломите од нивните ученици без да мрднат со прст во текот на целиот процес... Сите сме повредени на таков или онаков начин , ама треба да сме свесни дека ова е нашата чудесна земја ,која изобилува со интелигенција која за жал многумина не умеат правилно да ја искорист и уште поправилно да ја насочат...

      Delete
  57. Треба да им се земе акридитацијата и толку. Ќе нема проблеми. Вакви организатори успеаја да изнервираат 500 деца, 1 000 родители, 500 наставници.

    ReplyDelete
  58. Tocno taka prigovorite site na site 7 prasanja bea odbieni.

    Почитувани,
    Вашиот приговор за државниот натпревар по природни науки (четврто одделение), за прашање 2, 6 и 8 е разгледан и е направен увид во тестот на ученикот. Согласно фактите, приговорот се одбива.
    Kinat bodovi neka go pratat testot skeniran i PRED FAKTITE BOGOVITE MOLCAT

    ReplyDelete

Note: Only a member of this blog may post a comment.