Природни науки

Природни науки

Monday, April 3, 2017

Организација на регионалните натпревари

Почитувани натпреварувачи, ментори и родители,
датумот на одржување на регионалните натпревари се ближи. Остануваат само уште четири дена. Сакаме да им заблагодариме на сите наставници, училишта  и раководства на училиштата кои се нафатија да ги организираат регионалните натпревари.

За жал остануваат уште доста места од кои сеуште немаме никаков одзив за орагнизација на натпреварите. И покрај нашите заложби, многуте јавувања по телефони и испратени маилови, сеуште ниедно училиште не ни даде потврда дека ќе може да ги прими натпреварувачите за регионалните натпревари во следниве места:

Регион 1:
Берово, Пехчево, Делчево, Виница, Кочани, Зрновци, Македонска Каменица, Чешиново-Облешево.

Регион 2:
Куманово, Липково, Старо Нагоричане.

Регион 4:
Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше

Регион 5:
Гази баба, Кисела Вода, Сопиште, Карпош, Ѓорче Петров, Сарај, Илинден, Зелениково, Студеничани, Петровец.

Ингеренциите на организаторот, Друштвото на Биолози на Република Македонија, не му овозможуваат да даде наредба за организација на натпреварите на ниедно училиште. Поради тоа, ако до вторник, 04.04.2017 година не добиеме информација за училиште каде би се одржале регионалните натпревари, нема да имаме адреса на која ќе треба да ги испратиме тестовите и се она што е потребно за одржување на натпреварите. Така, во местата кои се наведени погоре нема да може да се одржат регионалните натпревари.



9 comments:

  1. Доколку нема да се одржат регионалните натпревари во овие места, дали ако има заинтересираност на некој ученик да учествува во натпреварот може да се такмичи во најблискиот соседен регион

    ReplyDelete
    Replies
    1. Сигурни сме дека заинтересираноста не е индивидуална. Сите деца кои се пласираа да учествуваат на регионалните натпревари заслужија и сакаат и да учествуваат на овие натпревари. Во вакви ситуации би било нефер да правиме решение за поединци. Потребно е решение за сите натпреварувачи.

      Delete
  2. Почитуван организатор,
    Не смеете да ги разочарате и скратите право на учество на дечињата кои вредно се спремаат за регинален натпревар!Искрено се надевам дека ќе го надминете овој проблем и во сабота СИТЕ деца ќе учествуваат на натпреварувањето.Вие имате акредитација за организација , а децата имаат платено учество
    Поздрав

    ReplyDelete
    Replies
    1. Вооошто не би сакале овие паметни и способни деца да не учествуваат на регионалните натпревари, а со тоа посредно да им се оневозможи учество и на Државниот натпревар. Искрено се надеваме дека училиштата, односно наставниците и раководствата на овие училишта, ќе имаат доблест и ќе ги отворат нивните врати за своите ученици и за останатите од соодветните региони.

      Delete
  3. Еве ви еден предлог: Пример за регион Карпош, Ѓорче Петров и Сарај. Јавете се во локалната самоуправа кај советниците за основно образование и замолете ги да ви обезбедат училиште од соодветните општини. Локалната самоуправа, Градоначлникот ги има тие ингеренции за издадат задолжение на конкретно училиште да го организираат натпреварот. Децата од територијата на општина Карпош имаат постигнато најдобри резултати на општинскиот натпревар. Не е коректно овие ученици да не учествуваат на регионален натпревар и секако подоцна на државен. Организатори направете напор и решете го проблемот. Времето е кратко!!!

    ReplyDelete
    Replies
    1. Уште во текот на подготовките на општинските натпревари ги започнавме и контактите и договорите за регионалните натпревари. Кај дел од регионите проблемот го решивме на тој начин. Кај одредени региони немаме одзив ниту од локалната самоуправа.

      Delete
    2. Реагирајте во Карпош. Од таму ме извести ја дека нема официјално барање. Не се обраќајте директно во училиштата. Контакт за разговори во Карпош е Анета Марковска Илиевска - советник за основно образование. Потоа тие ќе одредат училиште. Така ќе се реши проблемот барем за регион Карпош, Ѓорче Петров и Сарај. Истиот принцип важи и за останатите реони. Во спротивно ќе мора да се одложи натпреварот. Или сите деца подеднакво ќе учествуваат или не!! Во најмала рака не е коректно

      Delete
  4. Регион 2 е обезбеден, домаќини сме ние ООУ„ Толи Зордумис“ -Куманово.

    ReplyDelete
  5. Колешкии не е до друштвото на биолози, во прашање се општинските училишта, ниедно не се пријавило за домаќин, каде да ви се организира натпреварот? И ние синоќе во последен момент реагиравме, благодарение на нашиот директор и на професорката по биологија еве две години по ред сме домаќини на регионалниот натпревар, се во интерес на децата!

    ReplyDelete

Note: Only a member of this blog may post a comment.