Природни науки

Природни науки

Tuesday, April 26, 2016

Упатство за пријавување

Во продолжение е упатството за пријавување ученици за натпреварот по предметот Природни науки за основно образование.

1. Кликнете на РЕГИСТРАЦИЈА за да го отворите формуларот за пријавување. Во ново прозорче се отвора формуларот за регистрација. Кликнете на Next.
2. Се отвора список со општини по региони. Видете во кој регион припаѓа општината во која учи ученикот. Кликнете на Next.
3. Кликнете на името на соодветниот регион. Кликнете на Next.
4. Кликнете на името на општината во која се наоѓа училиштето. Кликнете на Next.
5. Кликнете на името на местото/населбата каде што се наоѓа училиштето. Кликнете на Next.
6. Кликнете го името на соодветното училиште. Кликнете на Next.
7. Напишете ги Името и презимето на ученикот. Внимавајте кириличната поддршка да биде активирана. Кликнете на Next.
8. Одберете одделение во кое ученикот учи. Кликнете на Next.
9. Одберете јазик на кој ученикот ја следи наставата. Кликнете на Next.
10. Напишете ги името и презимето на менторот. Кликнете на Next.
11. Кликнете на Submit за да го испратите формуларот.
12. Добивате порака дека вашата пријава е испратена.
13. Ако имате уште ученици за пријавување, во истото прозорче, кликнете на Submit another response и повторете ја постапката. Кога ќе завршите со пријавување, само затворете го прозорчето.

Во претходната информација, која можете да ја видите подолу, ќе ги најдете сите информации кои ви се потребни во оваа фаза.
За сите дополнителни прашања, обратете се по e-mail на 









No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.