Природни науки

Природни науки

Friday, March 25, 2016

Добредојде

Друштвото на биолози на Република Македонија (ДБРМ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ) и Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) ви посакуваат добредојде на блогот за натпреварите по предметот Природни науки во основно образование.

На 15.април 2016 година Министерството за образовани и наука мју издаде акредитација на ДБРМ за организирање натпревари по природни науки во основното образование. Организатор на натпреварите е ДБРМ со поддршка на ДФРМ и СХТМ.

Натпреварите ќе се одвиваат во две категории: IV одделение и V одделение.
Ќе има три нивоа: општинско, регионално и државно.

Активностите ќе се одвиваат со следнава динамика.

Пријавувањето е од 22.04-09.05.2016 година. Пријавата ќе се пополнува на оваа веб страна.

Општински натпревари
Општинските натпревари треба да се завршат најдоцна до 05.05.2016 година. Со оглед на фактот што акредитацијата беше издадена многу доцна, оваа година училиштата имаа обврска да организираат училиѓни натпревари во замена за општинските натпревари. Врз основа на тие натпревари, училиштата ќе ги одберат учениците кои ќе се натпреваруваат на регионалните натпревари.

Котизација
Котизацијата за еден натпреварувач кој ќе учествува на регионален натпревар изнесува 200 ден. Таа треба да се уплати најдоцна до 15.05.2016. Податоци за уплатата и пополнување на уплатницата ќе бидат благовремено објавени на оваа веб страна.

Регионални натпревари
Регионалните натпревари ќе се одржат на 21.05.2016 година. Бројот на натпреварувачи од секое училиште  кои ќе учествуваат на регионалните натпревари може да биде максимум еднаков на бројот на паралелки кои го слушаат предметот Природни науки, помножен со 2. На пример, ако училиптето има 5 паралелки од IV одделение и 6 паралелки од V одделение, тогаш училишната екипа за регионалните натпревари ќе се состои од 5x2=10 натпреварувачи од IV одделение и 6x2=12 натпреварувачи од V одделение.
Дополнително ќе бидат објавени местата на организирање на регионалните натпревари.

Државен натпревар
Државниот натпревар ќе се одржи на 04.06.2016 година.

Следете ги информациите кои ќе бидат објавувани на веб странава.

Ви посакуваме многу забава и многу среќа во текот на натпреварите.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.